Женски камерен хор СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА & АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КАМЕРЕН ХОР

Од ПОЕМАТА за ХОРОТ…

„Хорот Св. Злата Мегленска во овие многулетија
Го разнесе сакралното и профаното пеење од Македонија по сите меридијани
Му пееше на Св. Кирила во Рим и Св. Методија во Германија
Прогласени од Папата за заштитници на Европа
Пееја во париските катедрали и венецијанскиот Фениче
Од Барцелона до црквите на седмочислениците во Моравија
Меѓу Порто и Кембриџ, Канада и Австралија
Бидејќи во нивните концерти
Воскреснува гласот на Светицата од Мегленско
И ги поврзува епохите
Оти ние сме овде на крстопатот на универзалната љубов
Нашиот Живко Чинго напиша:
„Македонија е мала земја, во крпче можеш да ја врзиш“
Сервантес во Дон Кихот рече:
„El Mundo es un panuelo” – „Дури и светот е мал како шамивче“.
И само песната ја има таа моќ да ја растајни мистеријата
На светот што сите го носиме во нас, а нема да заврши со нас
И затоа:
Величание прими Исусе Христе на денот на рождеството твое
Откорнато од срцето мое
За многаја и многаја
За вечнаја и вечнаја лета
од Злата Мегленска
Што само по љубовта кон Тебе е света.
Јордан Плевнеш, драматург

СИТЕ КОНЦЕРТИ