за ПРОЕКТОТ

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ постои како дел од Македонскатаправославна црква и е прв хор од таков вид во Република Северна Македонија.Летка Димовска Полизова е основач, уметнички директор и диригент на хорот.Хорот се состои од 22 женски гласа на млади академци и студенти од ситедржавни универзитети во Скопје. Иако се волонтери, овие млади луѓе, наавтентичен начин и со голем квалитет, придонесуваат кон угледот наМакедонската православна црква, македонската културна традиција ипопуларноста на хорското пеење. Со поддршка на Министерството за култура,Министерството за надворешни работи, како и на неколку амбасади на РепубликаМакедонија во странство, хорот постигна одлично меѓународно претставување иафирмација на македонската традиционална музика во: Велика Британија,Франција, Италија, Грција, Словенија, Србија, Словачка, Хрватска, Полска,Португалија, Белгија, Бугарија, Швајцарија, Шведска, Франција, Чехословачка,Германија, Шпанија, Латвија, Калифорнија, Америка, Австралија, Австрија, Канада,Русија Ирска и други земји. Резиме на главните активности во земјата и во странство/награди: 2016 Светски хорски игри во Сочи, таа година, хорот освои три златни медали и јапонесе титулата Светски шампиони во категоријата женски камерен хор. 2014 Светска хорска олимпијада во Рига, два златни медала и 1 сребрен 2011 Светски хорски натпревар – Грац, 2 златни медала 2009 Меѓународен хорски натпревар во Калифорнија – Сан Луис Обиспо – златенмедал, 2008 Меѓународен хорски натпревар – Римини, Гран-при, 2007 Меѓународен хорски фестивал на популарно пеење – Барселона, златенмедал, 2006 Национален мултикултурен фестивал – Канбера – Гран-при, 1997 Музички фестивал – Обединето Кралство – Гран-при, Диригентска биографија: Летка Димовска Полизова – академски музичар, еосновач, уметнички директор и диригент на хорот. Нејзиниот углед го постигналапреку нејзината активност како основач, диригент и успешен водач на неколкухорови во Македонија. Таа е добитник на бројни важни државни и меѓународнинагради. Како водач на хорот „Св. Злата Мегленска“, таа се стекна со епитетот нанајуспешен женски диригент во Северна Македонија.

Кон проектот