Женски камерен хор СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА – БОЖИК СЛАВА 2015 година

Женскиот камерен хор СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА од Скопје , секоја година е главен носител на програмата на Божиќните хорски свечености БОЖИК СЛАВА. Овој хор , по духовното пеење стана препознатлив во Европа и светот, преку своето музичко изразување, преку изборот на репертоар со впечатливи дела кои во себе ја содржат духовната есенција и мистичност на црковниот амбиент, во склад со содржината на музичкото дело, најчесто поддржани со разни класични музички неформални реквизити: свеќи, клепала и предмети со црковна симболика.
Со своите завидни познавања од таа област, со спиритуална посветеност, креативна моќ и молитвен занес, таквите дела ги надградуваат со восхитувачки интерпретаторски перформанси и динамички нијансирања, со тоа, тие, на таквите хорски дела, им вдахнува духовност сакралност и звучна амбиенталност.

СИТЕ КОНЦЕРТИ