Женски камерен хор РУСТИКО – 70 години , Ристо Аврамовски

Во Свечената сала на Македонската Академија на Науките и Уметноста ( МАНУ ), Женскиот хор РУСТИКО го реализира јубилејниот концерт по повод 70 години од раѓањето на Академик Ристо Аврамовски, еминентен наш композитор и голем пријател и соработник на диригентот Запро Запров и Хорското студио РУСТИКО. Од меѓусебната соработка помеѓу композиторот Ристо Аврамовски и Женскиот хор РУСТИКО, македонската и светската музичка литература се збогати со 10-тина врвни а-капела и вокално-инструментални дела.
На таа свеченост, за животот и делото на Академик Ристо Аврамовски, беа презентирани два реферата од Академик Владо Матевски и проф. Запро Запров, и беше изведено музичкото дело ЕТНОГРАФОФОНИЈА – сложена музичка драма од 12 става, за женски хор, соло-тенор, соло-сопран, соло-алт, посебен – некласичен инструментариум и костимографија.
Врз основа на музичкиот материјал на музичката драма ,,ЕТНОГРАОФОНИЈА,, во соработка со повеќе автори: авторот Аврамовски, сценаристот Блаже Миновски, режисерот Владо Цветановски, костимографката Елена Дончевска, сценографот Владимир Георгиевски, диригентот Запро Запров, Детскиот хор ,,Развигорче,,, Женскиот младински хор при МКЦ, женскиот дел од хорот при МТВ, соло тенор Благој Николовски и бројни еминентни актери и балетски уметници од Македонија ,се создаде мултимедијален проект под наслов ЦРНО ПИСМО со кој во 1993-та година се отвори Интернационалниот фестивал ОХРИДСО ЛЕТО на Самоиловата тврдина во Охрид.

СИТЕ КОНЦЕРТИ