Класична, уметничка, израз на животот, убавината, тагата, радоста… од ренесансата до денес, не потклекнувајќи на „забот на времето“, ставена на тест. До кога ќе опстои?
Затоа и избор во овој серијал, како уште една потврда дека опстојува и го победува времето, станува вонвременска и продолжува да се слуша.
Избор за секој љубител на класичната музика, преку спој на изведби, настани и дела, како што ги инспирирале уметниците и се ределе низ изминатите години.
Композиции кои постигнале врвна слава со исклучителна уметничка вредност, а
обработени од домашни и странски уметници кои гостувале на домашната музичка сцена. Се нуди за секого по нешто, од нежните звуци на Симфонискиот оркестар, на повеќе италијански изведби на млади уметници, со оние на учениците на Дувачкиот оркестар од МБУЦ, каде може да се почувствува ентузијазмот, тој сјај во очите кај овие млади уметници.
Понатаму, до виртуозните, двајцата со заслужен епитет и подмладокот, во улога на гостин, Арда Мустафаоглу и Дино Имери, домаќин на концертот на Факултетот за музичка уметност Скопје.
До концертот на Михаило Куфојанакис, со виолинско мајсторство,по повод неговата 35 годишна уметничка дејност, во пијано придужба на Тодор Светиев. Оправдано место во овој музички серијал, бидејќи,“бездруго, патот од концертната сцена, до заслуженото музичко име е долг и макотрпен“, стои во неговата биографија.
Изборот го дополнува и концертот на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија со прославата на 30-годишниот јубилеј, со маестралната диригентска палка на Саша Николовски Ѓумар, кој ќе остане запаметен по својата уникатност.
Концертот во чест на Георги Божиков, истакнат оперски уметник, исполнет со арии од познатите класици, со настапот на солисти од Македонската опера: Борис Трајанов, Игор Дурловски, Владимир Саздовски, Тихомир Јакимовски,со пијано придружба на Елена Силјаноска.
Секако, со голема радост, што во овој избор е сместено и посебното музичко доживување, рециталот на еден од водечките контратенори од Италија, Луиџи Скифано,претставувајќи се со дела на Парсел, Бах и Хендл, обдарувајќи ги со својот темен и топол тембр,како редок и специфичен глас, во пијано придружба на Дино Имери и режија на Дејан Прошев.
До, несекојдневното музичко уживање за нашите простори за љубителите на дувачките инструменти, но и за сите љубопитни. Концерт на Градскиот дувачки оркестар,со отсвирени актуелни музички рефрени.
Преку концертот на Битолскиот камерен оркестар, инспириран од вечниот Џемс Бонд, но тука филмското преку симфониско музичко доживување, кое го крева адреналинот и кај инструменталистите , но и кај публиката, со вокалните изведби на Наде Талевска, Мики Секуловски, Ирена Димовска.
За среќа и големиот рецитал „Посвета на љубовта“ зошто музиката е љубов, која се доживува преку делата на Чајковски, Рахмањинов, Лист, Штраус…, а во изведба на оперската дива Весна Ѓиновска Илкова, со концертот по повод 20 години од нејзината уметничка дејност.
Концертот на Миха Погачник, словенечкиот културен амбасадор и виолинист со светско реноме,како дел од проектот „Европа- надворешно ремек дело“.За кого:
„Уметноста не е забава. Уметноста е многу опасна, тоа е креација.“