ВЛАДИМИР АРСОВСКИ И ТИХОМИР КОНДЕВ

Владимир Арсовски е роден во Скопје 1957 година. Во 1976, кога се запишува на Електротехничкиот факултет во Скопје, истовремено почнува активно да се занимава со фотографија и станува член на фото клубот ЕЛЕМА на ЕТФ. Во 1979 година започнува да работи хонорарно како фотограф за Загрепски Вјесник. До 1982 година соработува со неколку врвни Југословенски фотографи, меѓу кои и Иво Етеровиќ, со што стекнува големо фотографско искуство. Во 1983 година, поради семејни причини престанува да се занимава со фотографија, за да и се врати во времето на етаблирањето на дигиталната фотографија. Познавањето на информатичката технологија му овозможува брзо да навлезе во софтверските алатки за обработка на дигиталната фотографија. Три негови фотографии се во Постојаната колекција на современа фотографија на Р.Македонија. Ова е негова втора самостојна изложба. Првата датира од Декември 2006 – година, под наслов ДВОЈНАТА ДИСКУРЗИВНОСТ НА ЕДЕН ФОТО ЕСЕЈ.
Тихомир Кондев,по професија и образование е новинар а по лична определба колекционер на современата македонска ликовна уметност. Како колекционер, има збирка од над 400 дела од преку 100 ,македонски автори. Уметниците и сликите од колекцијата се менуваат и приспособуваат за тематските изложби и ликовните каравани кои Тихомир Кондев ги подготвува и организара. На Скопско Лето 2007 година преку Музејот на град Скопје и Дирекцијата за Култура и уметност, Тихомир Кондев претставува дел од својата колекција која ја создава скоро 6 децении со избор на дела од врвни македонски сликари.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ