СПАСЕ КУНОВСКИ – РЕТРОСПЕКТИВНА

Македонската модерна уметност може да се гордее со името и делото на Спасе Куновски кое се повеќе, потврдено, го држи своето место под сводот на македонската култура и историја на уметноста. Тој е еден од ретките фигуративци со надреалистички интерес кој ке го истражува овој стил целиот живот, без големи скокови и трчање по трендовите кои доаѓале преку тогашна Југославија од светот. Во овој стил тој успеал да ја најде својата база за изнедрување на сите потсвесни идеи, секавања, спомени, стравови, сваќања за светот некогаш и сега, секако нудејќи и специфична опомена за светот утре.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ