за ПРОЕКТОТ

Знаете ли друга телевизија, освен НАША ТВ, која снима и емитува изложби на својата програма?

Во 99% од најавените изложби, нашите камери се единствени кои се присутни на овие културни настани

Културата е здрава храна на интелегенцијата и на општеството во кое живееме.
Ти во која категорија припагаш?

ИЗЛОЖБИ е ТВ проект од краток формат, кој опфаќа пред се визуелно, но и наративно претставување на аворот/авторите на уметнички дела, односно нивно приближување до ТВ аудиториумот. На овој начин изложбите живеат многу подолго од предвидениот термин (околу еден месец) на поставката во галерискиот простор, но и бројот на „посетители“ што се пред ТВ екраните се зголемува многукратно. На тој начин ИЗЛОЖБИ има културна, но и културолошка и едукативна функција, како придонес кон основните начела на НАША ТВ.

Овој проект почна да се реализира уште во 2009 година, како дел од основниот концепт на НАША ТВ, да претставува и афирмира проекти од позитивно општествено и културно значење.
Идејата на проектот ИЗЛОЖБИ е да се претстават сите уметници што некогаш твореле, творат и ќе творат на овие простори. Но, и оние уметници од странство, кои дошле да си го престават своето творештво во некој од ликовните салони или изложбени простори во нашата земја.

Досега се реализирани деведесет (90) емисии, кои се во времетраење од десет до триесет минути, во зависнот од настанот односно, неговиот габарит.

Меѓу изложбите, што се опфатени во проектот ИЗЛОЖБИ, се претставувањата на Васко Ташковски, Венко Хаџи-Наумов, Спасе Куновски, Вангел Наумовски, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Никола Мартиноски, Боро Митриќески но и на Александар Станковски, Сергеј Андреевски, Славица Јанешлиева, Игор Тошевски, Татјана Манева, Вана Урошевиќ и други. Секако во рамки на проектот поместени се самостојни, но и групни изложби, изложби на ликовни дела (слики или скулптури), но и на фотографии, плакати, карикатури, костими, перформанси…

Сето кажано го прави проектот ИЗЛОЖБИ уникатен во медиумскиот простор во Македонија и е простор од кој нескриено задоволство покажуваат и уметниците, познавачите и љубителите на уметноста, стручната јавност но и обичните гледачи, кои по разни прилики немаат друга можност, освен оваа, да се сретнат со овие видови уметност.

Кон проектот