од ГОГОВСКИ

ВРЕДНОСТИТЕ ОСТАНУВААТ!

Кои се светски знаменитости? Кои се глобалните вредности?
Светот верификувал вредност!
Во 90 % од Вашите туристички посети на светските метрополи , во агендата се наогаат посета на уметнички дела. Архитектонски чуда, музеи, театри, паркови со прекраскни скулптури…Музејот на Моцарт во Салзбург, Музејот Лувр во Париз, Метрополитен музеј во Њујорк, Британскиот музеј во Лондон, Третјаковската галерија во Москва , Музејот на Ватикан во Рим..итн..итн..

Денешниот духовно смртонoсен кич кој таканаречените традиционални медиуми ни го наметнуваат, еден ден ке исчезне. Безвредно како и што дошол. Никој нема да отвори музеј во Житораџа.

Но.. Ние треба да се се посветиме на таквите како нас! На оние кои ја ценат уметноста! И на кои уметноста им е храна и лек. .

НАША ТВ е единствена телевизија која ги снима сите тековни изложби и го реализира проектот ИЗЛОЖБИ и секојдневно емитува по една изложба дневно.
За жал нашите камери најчесто се единствените кои се присутни на отварање на изложбите и е единствена телевизија на која има портрети, разговори, дебати со сликари, графичари, скулптори, галеристи…Снимени се изложбите и направени се емисии за Кондовски, Мартиновски, Масин, Ацо Станковски,
Ташковски, Мазев ..Разговори и дебати со Коле Манев, Сергеј Андреевски, Ниче Василев, Стефан Хаџи Николов,Павле Кузмановски, Мартин Ангелов, ликовните критичари Вана Урошевиќ, Ана Франговска, Ивана Васева..а во 2019 биле застапени и 70 други ликовни уметници преку изложби, портрети, разговори и дебати. Се додека можеме ке го работиме овој проект.

Не бараме ни фала , ни извини.

Ристо Гоговски