Што значи поимот НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА?
Со овој поим се „гордеат„ 7 телевизи кои емитуваат програма на државно ниво , на цела територија на Република Македонија. Но дали сите овие 7 телевизии можат да го оправдаат статусот на НАЦИОНАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ?
Или можеби повеке им прилега статусот на ТЕЛЕВИЗИИ НА НАЦИОНАЛНОСТИТЕ?
НАША ТВ емитува програма на македонски јазик и ја негува македонската култура и уметност.
НАША ТВ е единствената телевизија која има емисии за култура. Не една неделно. 7 различни емисии и премиери во текот на неделата.
Ние сме единствениот национален сервис кој зрачи на територија на цела држава кој емитува програма од културата.
Проектот КУЛТУРО е ТВ формат кој има за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, филозофијата на живеење, отворени прашања, перспективи, насоки на расмислување и делување, преку неколку различни форми да ги приближи, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум, што го прави уникатен во медиумскиот простор во Македонија. На тој начин го поткрепува главниот концепт на НАША ТВ, да афирмира, споделува, негува позитивни настани, со што ја претставува својата културна, културолошка и едукативна функција, како придонес кон основните начела на НАША ТВ за негување вистински и трајни вредности.
За релативно кус период низ него поминаа околу триста (300) гости – најзначајните уметници, културни дејци и творци, кои без исклучок, дел од нив и во самата емисија, а другиот дел по гаснењето на камерите, истакнуваат дека проектот КУЛТУРО со својата уникатност во медиумскиот простор, е навистина најзначајниот проект во оваа област кај нас, и кој безусловно треба да се развива и понатаму.
Концептот КУЛТУРО е сегментиран во три правци.
КУЛТУРО ИНТЕРВЈУ со Теа Беговска – тематски разговори со еден уметник.
КУЛТУРО ФОРУМ со Јасмина Спасовска, дебатни емисии на различни теми од културата.
КУЛТУРО ПРЕС – информативна емисија од настани поврзани со секојдневни случувања во културата.
КУЛТУРО – ФОРУМ и КУЛТУРО – ИНТЕРВЈУ имаат по две премиери неделно (секоја по уште две репризи), а КУЛТУРО – ПРЕС оди секојдневно, што значи, НАША ТВ одвојува преку 800 минути за култура неделно. Тоа ја прави навистина посебна, во однос на другите ТВ куќи каде нема ни 5 минути култура неделно.
Досега се снимени и емитувани 113 изданија на КУЛТУРО ИНТЕРВЈУ со Теа Беговска и 61 издание на КУЛТУРО ФОРУМ со Јасмина Спасовска.
Одиме понатаму! Во иднина со надополнување на концептот и разговри со уметници, дебати и настани од регионот. НАША ТВ и КУЛТУРО освојуваат НОВ КОНТИНЕНТ.