за ТЕА и за ЈАСМИНА

за ТЕА

Теа Беговска (29) е дипломиран театарски режисер на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во класата на професор Дејан Пројковски, каде го заврши и својот специјалистички труд. Својот дипломски труд го претстави во Народен театар Штип, поставувајќи ја претставата ,,Слугинки од Жан Жене. Од тогаш Беговска започнува интезивно да твори во алтернативен простор, создавајки театарски перформанси: ”Три сестри” од Чехов (2013), “Тишина” (авторски проект)  (2014)  “Контрола” (авторски проект) (2014), “Ајде да имаме секс” од Валентин Краснагоров ( 2015), “Кафе без цигари”(авторски проект) ( 2016), “Гледај, чувствувај, слушај” (авторски проект, перформанс), “Актер Човек” (авторски проект)  Нејзините дела биле изведувани во повеќе градови, театарски и уметнички фестивали во Македонија: “Војдан Чернодрински”, “Ристо Шишков” , ,”ИМПАКТ” , “БОШ”, “AKTO”, “Лица без маски” … Други проекти: “Класен непријател”, “Тирамису” “Пациентот на доктор Фројд”, “Бракот е брак” и други. Награди: наградата НЕТА на фестивалот “Ристо Шишков” за ангажиран театарски пристап за “Контрола”. Награда на НЕТА “Ристо Шишков”за истражување на тајните на актерското мајсторство за “Актер Човек”, награда за најдобра алтернативан претстава во Постојна, Словенија за “Актер Човек.” Претставата “Актер Човек” по гостувањето на Prishtina International Festival, стана дел од нивниот месечен репертоар. Теа Беговска исто така работи театарска и филмска едукација на деца и млади во Детско Младиснко Драмско Студио – СЦЕНА и во Џолев и уметностите како ментор за актерска игра пред камера. Била ментор на повеќе работилници за деца и млади со кои има реализирано бројни едукативни проекти, од кои би го издвоиле “Театарски речник од деца за деца”. Има реализирано тв емисија на НАША ТВ во која води дискусии со реномирани и млади уметници. До сега има реализирано емисии со повеќе од 100 гости од различни уметнички профили. Од 2014 година е вработена во Драмски Театар Скопје.

Теа Беговска е добитник а неколку награди:

Наградата НЕТА на фестивалот “Ристо Шишков” за ангажиран театарски пристап за тетарскиот проект  “Контрола”.

Награда на НЕТА “Ристо Шишков”за истражување на тајните на актерското мајсторство за  тетарскиот проект “Актер Човек”,

Награда за најдобра алтернативан претстава во Постојна, Словенија за театарскиот проект “Актер Човек.”

Проектот КУЛТУРО ја одбележа Теа Беговска како јавна личност, полна со знаење, младешки ентузијазам и глад за нови предизвици и разговори.

 

за ЈАСМИНА

Јасмина Спасовска е родена во 1974 година во Скопје и дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата Компаративна книжевност.

Веднаш по дипломирањето почнала со работа во Македонска телевизија. Потоа продолжила во Kанал 5,  во Студентско радио, А1 ТЕЛЕВИИЗЈА , Радио Слободна Македонија , НАША ТВ , ТВ 24 итн.

Учествувала и во приватни проекти од областа на културата и книжевноста, проектот „Јас подарив книга“. координатор и автор на сценарија во едукативно-образовни емисии а била автор на прашања во квизот МИЛИОНЕР.

Основен интерес во нејзината работа е полето на културата. Се надева дека еден ден културните вредности ќе ја надминат прагмата и културата ќе стане врвниот стремеж на живеењето во општествата. Се залага на секој начин, во сите области каде што работи, да ги промовира вистинските вредности на кои што се темелат културата и уметноста во едно општество, на кои за жал, им е посветено многу малку време и простор и од самото општество и од граѓаните.

Неколку години е уредник и водител на емисија од областа на културата КУЛТУРО  во НАША ТВ, промовирајки ги вредностите за кои се залага. Нејзината питомост , сталоженост и јасен став за темите за кои дебатира со своите соговорници  на многубројни теми од областа на културата ја издвојува како личност и концепциски во македонскиот медиумски простор.

Кон проектот