Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) ќе се организира по 19-ти пат онлајн поради пандемијата. 24 ученици се пласираа во финалето од вкупно 1.350 ученици и кои ќе се натпреваруваат за прво место на натпреварот за песна “Colors of Voices”, кој ќе се емитува во сабота, 26 јуни во 20:00 часот по македонско време и истиот ќе може да се гледа на каналот на (IFLC) на YouTube.
Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC), организира разни натпревари и сценски представи од областа на уметноста, ќе ги продолжи годинашните настани со специјални натпревари за песна. Во полуфиналето учествуваа 1.350 ученици. Финалето на натпреварот за песна “Colors of Voices”, ќе биде изведено со величествен настан. Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) оваа година ќе користи целосно дигитални фази, 2Д-3Д визуелни ефекти и техники на зелен екран на аудио-натпреварот.
Ученичката од 8-мо одделение на ПСУ „Јахја Кемал“ Дариа Милошеска се пласираше во финалето со нејзината песна „Ако Згрешам Нека Изгорам“. Дарија ќе ја покаже својата страст и ентузијазам кон музиката да биде прва и да ја направи нејзината земја попозната.
Финалистите на натпреварот, на кој 24-те ученици беа пласирани во финалето, ќе бидат одредени со јавно гласање и жири комисија составена од професионален тим. Покрај жирито, љубителите на уметноста ќе можат да гласаат за кандидатот што сакаат, преку линкот за гласање која ќе се дели по завршување на натпреварот. Линкот за гласање кој ќе биде споделен на крајот на настапите ќе остане отворен приближно 10 часа. Во овој период, оние кои сакаат да гласаат ќе можат да ги оценуваат учениците со 5 ѕвезди. Младите таленти ќе ги испеат своите последни песни на мајчин јазик и ќе носат автентична народна носија.