Дали знаете дека Вие како гледач на било која претстава во Македонија со парите кои ги плакате за театарската претстава плакате само 5% од вредноста на реалниот билет!
Останатите 95% од билетот ги плака државата. Во тие 95% се трошоците за објектите, за платите за вработените, трошоците за создавање на претставата ( сценографии, костими, реквизите..)
И вие не одите во Театар!?
Дали ако билетот чини само 1 денар, ке има повеке публика! ДА!
Ние сме сиромашна држава и има многу сиромашни грагани, , но македонските грагани сакаат ТЕАТАР!.
БИЛЕТ за 1 денар! ЗАСЕКОГАШ!
Театарот и интелегенцијата во театарот и околу театарот ( актери, режисери, драматурзи, костимографи, сценографи…) одсекогаш носела промена во општеството.
Делата и вредноста на овие уметници биле и се пример за јавноста.
Но…Тетатарската претстава и мигот во кој живееме и ја доживуваме наеднаш заминува.
НАША ТВ во својот примарен концепт, културата ја има во средиштето на вниманието. Театарската уметност, која во Македонија има сериозни корени и богата продукција, по својата суштина е уметност на овде и сега. Токму за да се продолжи моментот на „животот“ на театарските проекти, НАША ТВ низ годините, преку постојана соработка со речиси сите македонските тетарски куќи ги снима и потоа емитува овие проекти на својата програма.
На програмата на НАША ТВ може да се погледнат сите снимени и продуцирани претстави што не се повеќе на редовните репертоари на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, Народниот театар од Битола, Велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, Турскиот театар, Театар комедија, Народниот театар од Струмица, Народниот театар Ацо Шопов од Штип, Театарот Војдан Чернодрински од Прилеп….
Термин на емитување е недела во 21:30 часот