Шуи Џиао за некои претставува Монт Еверест на кинеските боречки вештини. Титула која не се заработува лесно имајќи ја на ум традицијата на боречките вештини во Кина.
Шиу Џиао е систем на борење стар над 3000 години кој во себе ги вклучува кинеската традиција, философија и начин на мислење. Оттука, оваа вештина не е само физички спорт, туку и вредносна определба.
Во емисијата го запознаваме мастер Горан Андонов од клубот Дантијан – човекот кој го носи Шиу Џиао во Македонија и кој со помошта на Мастер Антонио од Италија ги обучува првите борачи кои подоцна ќе бидат спремни да го пренесат своето знаење на сите заинтересирани за оваа дисциплина.
Запознајте го и пионерот на Шиу Џиао во Европа Алесио Пасчули кој е шампионот во Шиу Џиао во Кина во 2013, а воедно и италјански и европски шапион и дознајте повеќе за неговото инспиративно искуство со оваа дисциплина.“