ЏЕЗ КОНЦЕРТИ -IMAGINARY FOLKLORE

Imaginary Folklore е космополитска мешавина на три силни музички фигури од Аргентина, Италија и Македонија. Позајмувајќи идиоми и форми од џезот, Етиописката и музиката на Гана, традиционална и современа класика, балканската и јужно-американската музика – музиката на Imaginary Folklore ја претставува трансферзалата меѓу континентите, културите и луѓето ширум светот. Се ова е вклучено во нивната интеракција, оригиналните композиции и аранжмани. Во бендот членуваат Лео Џеновезе (пијано, електроника, саксофон, ударни инструменти и вокали), Франческо Марокочи (контрабас, ударни инструменти и вокали) и Александар Петров (перкусии и вокал).

СИТЕ КОНЦЕРТИ