за БИЛЈАНА

Билјана Драгичевик – Пројковска е една од најимпресивните и најзначајни македонски актерки на 21 век.

Омилен соработник на актерите, режисерите, техничкиот персонал на тимовите во кои работи.

Актер – карактер. Аналитичар – романтичар. Прецизна – емотивна.

Родена 1974-та , завршува средно музичко училиште во Скопје и Факултет за Драмски уметности на оддел актерска игра во Скопје.

Дел од ансамблот на Драмски Театар со палета на улоги , различни карактери , креации во минијатура во над 40- тина театарски проекти. Гостин во неколку проекти на МНТ и други ансамбли..

На почетокот на својата уметничка професионална кариера работи на повеке детски престави како ко-режисер на проекти со деца.

Добитник е на неколку награди и признанија и тоа АКТЕР НА ГОДИНАТА, признание од ЕКРАН- неделен магазин,  награди за најдобра улога во претставите Животот е убав, Поблиску, Последните Македонци, Телото на жената на различни фестивали во Македонија и светот.

Настапувала во неколку телевизиски и ТВ проекти  од кои најзначајни и се улогите на Џипче и Летка во детското телвизиско шоу Волшебното Тркало, Сашка во ТВ серијата Сашко и Сашка и улогата на кучето Петко  во ТВ проектот ПЕТ ПЛУС.

Работи и на повеке од 20-тина проекти како асистент режисер, координатор на проекти , кастинг директор .

Нашето задоволство да уживаме во соработката со  Билјана и од резултартите на нејзината работа  е проектот БУШАВИ ГЛАВИ кој е перфектно изанилизиран, одбран и реализиран. Комуникациските и организациските  способности на Билјана, со нејзиниот пристап и посветеност го направија проектот БУШАВИ ГЛАВИ еден од најзначајните проекти на НАША ТВ кои во моментов се емитуваат.

Наша Бица е љубов НАША.

Кон проектот