за СУЗАНА

Сузана Турунџиева е родена 1969 во Битола каде што завршува основно и средно музичко образование, а високото образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во 1991 година дипломира на отсекот по соло пеење во класата на познатиот тенор Благоја Николовски. Посетува мастер класи кај познатиот вокален педагог Тери Роудс од Северна Каролина. Уште за време на студиите започнува да гради  музичко сценска и концертна кариера. Има реализирано многу настапи низ земјата како и во странство. За време на студенстките години била трикратен победник на државните натпревари по соло пеење на ниво на поранешната СФРЈ.

Во периодот од 1993 – 1999 година работи како професор по соло пеење и камерна музика во државното средно музичко училиште Илија Николовски Луј. Od 1999та година започнува нејзината активна телевизиска  кариера. Првите водителски искуства ги стекнува на (тогашниот) трет канал на МРТВ, од каде продолжува нејзиниот 13 годишен ангажман во првата приватна независна телевизија А1, каде останува сѐ до нејзиниот крај. Уредник, сценарист и водител на неколку телевизиски проекти во НАША ТВ, и активно се занимава со пишување и издаваштво.

Проектот БУШАВИ ГЛАВИ и реализацијата на 260 емисии со учество на над 2200 деца од над 20 основни училишта е импресивен податок за ангажманот , посветеноста и аналитичноста на Сузана.и нејзината работа со децата.

Секогаш присутна, со мерка, карактер, смиреност и одмереност која плени.

Наша Сузе 🙂

Кон проектот