ВЕЧЕР НА КЛАСИЧНА МУЗИКА ВО НОВА 2020-та

https://nova.edu.mk/Content.aspx?id=37&article=9062

Меѓународното училиште НОВА, традиционално, ја негува музиката и задолжително во наставата одвојува простор за музичкото образование. Со професионалниот пристап на професорите и соодветната образовна програма, создава одлични музички таленти, кои постојано приредуваат несекојдневни музички концерти, како едно место за вистинско музичко уживање. Учениците на НОВА ги продолжуваат своите музички концерти и приредуваат вечери на класична музика и од своите домови. Такво е ова музичко парче од НОВА, подготвено под менторство на музичките педагози, а реализирано од повеќе ученици, кои свират на своите инструменти дома, но толку прецизно и квалитетно, што претставуваат една вистинска инспирација за сите останати.Уживање, кое го разубавува секој миг поминат во домот, преку нивното прекрасно музицирање.
Тие, со својот музички талент, потврдуваат дека не постојат бариери, пред огромната желба да се подари убава композиција, на сите љубители на музиката. Затоа, нивните концерти заслушуваат почит и огромен аплауз, и кога се изведени од дома, но и кога се на голема сцена. Затоа, нивните изведби се нешто што заслужува да се слушне и да се погледне.

СИТЕ КОНЦЕРТИ