за ПРОЕКТОТ

Наука и хуманост, збирно место на многу цивилизации и различни култури. Многу принцови и  принцези, музичари и балерини со нежни и лелеави  фигури, танчери и сериозни перформанси, сериозни свирки и бендови.

Млади научници, со свои проекти и експерименти од екологијата, од информатичката технологија, од природните науки.  Драмски перформанси со многу воздишки, срамежливост, возбуда, адреналин, со стекната самодоверба и храброст.

Изведби исполнети со креативност, која студентите успеале да ја постигнат благодарение на врвните ментори, кои им дале шанса да се пронајдат себеси, да ги скротат своите чувства и  да го изразат дури и личниот револт.

И зошто е „cool“ во НОВА?  Зошто тука учениците во се што подготвуваат, се третираат како рамни на менторите, предизвикувајќи ги со тоа да го откријат својот скриен  потенцијал, да стекнат самодоверба и да ја разбудат својата креативност, која ќе можат да ја  применат во било која професија и да станат успешни.

Некому тоа му се чини дека е поинаку од се. Во НОВА,  тоа е нормално.

Сите настани, почнувајќи со децата од градинка, основци, средношколци, семејни хуманитарни базари, интернационални денови, до матурски и полуматурски настани, драмски претстави и концерти , се проткаени со инспиративни говори, во кои учениците и професорите си го потврдуваат своето драгоцено место во НОВА и нивниот придонес во општеството.

Сите настани во НОВА се огледало на традицијата на 43 различни нации и култури,  кои го сочинуваат семејството НОВА. НОВА успеа да создаде една нова реалност во образовниот систем и да потврди дека ваква разнолика заедница, на меѓународни и домашни семејства, може успешно да функционира заедно.

Се е во поразлично руво во НОВА. Во секоја активност на студентите може да се види сериозност, страст и желба да се одговори на доверената задача и  да се оправда довербата на професорите и менторите. Одговорноста да се заврши задачата, како предизвик пред себе, но и пред родителите, кои им дале привилегија да бидат во НОВА и на крајот пред публиката на настаните, која очекува да ужива во секоја изведба, претстава, концерт….

Но, да не се заборави и уште нешто.  Настаните на НОВА се интеграција на наставата од многу предмети, потврдувајќи дека учениците добро го совладале она што им го овозможиле наставно- образовните програми.

Според зборовите на Венера Новаковска, идејниот творец и реализатор на успешната образовна приказна наречена НОВА, сцената била и останува  подготвена за сегашните и идни претстави, а нејзините актери ќе минуваат низ просторот и времето, зошто нивната природа е минлива. Но, вечните вредности што ги врежуваат, во оваа институција, засекогаш ќе останат забележани во сеќавањата на сите кои поминале, зошто ќе ја раскажуваат оваа приказна и кога нив ќе ги нема. 

Со целата таа енергија, каков може да биде креативниот свет на сите настани на НОВА, освен волшебен.

Кон проектот