МАТУРСКА ЦЕРЕМОНИЈА 2020

Генерацијата матуранти 2020, со  прва и единствена виртуелна матурска свеченост. Да, се случи и тоа. Сепак, изминативе неколку месеци нè направија пофлексибилни, поприспособливи и најважно од сè, не направија поблагодарни за тоа што значи да се биде дел од една заедница. Матурата, сама по себе е важна етапа во животот на секој млад човек, а тоа што оваа генерација матурира во овие околности, ја прават уште повеќе достојна за почит. Иако, ова поглавје во животот на оваа генерација зазеде поинаков облик,  сепак оваа матура ќе биде настан за паметење, исто како сите оние прекрасни моменти кои ги споделија учениците од оваа генерација во изминативе години. Радоста од матурирањето се гледа во мигот на конечно стекнатата „слобода“. Влегувањето во период на независност, каде што ќе се поставуваат сопствените правила и каде што самите ќе  бидат свои водичи. Иако, како генерација  е пример за многу разлики, од различни потекла, култури и земји. Но,тоа е предноста. Зошто обединети преку знаењето и  чувството за заедницата е тоа што ги прави  силни и  сплотени преку  солидарноста. Затоа, светот во кој влегуваат во овој миг е поинаков од оној што го очекуваат. Но, во него солидарноста, заедништвото и знаењето ќе останат како главни вредности. Иако ќе  има уште многу лекции кои треба да се научат во животот, сепак, оваа лекција која се состои од средношколските години е една од најдобрите и таа е најомилена лекција во животот на секој млад човек. Овие   средношколски години никогаш нема да сакате да ги промените, за ништо  друго во  животот. Зошто е посебна оваа генерација? Зошто има навистина развиена свест за заедништво и сплотеност. Тоа се четири години во кои се чувствувале како дел од нешто големо. Осумдесет и шест срца кои може да се разберат со поглед и  четири години кои засекогаш ќе се паметат, како едно од најважните патувања во  животот.Иако, за нив се прекинаа желбите за најубава матурска прослава, фустан, фризура, подарок, сепак нивните најубави спомени ништо не може да ги помати, како и фактот дека останаа заедно и во добро и во лошо, а токму тоа заедничко искуство ги поврзува засекогаш.

Храброста, интегритетот, треба да ги водат во понатамошниот живот, зошто најголемите постигнувања во историјата на човештвото не се создадени од толпата, туку од храброста на поединци, кои верувале во своите големи идеи.

И додека  светот од нив  очекува да зборуваат со чувство на возвишеност, за моменталната ситуација, што таа ги научи за себеси и за светот? Многу – едноставно предвреме како да ги  ги созреа, ги направи посилни и похрабри, подобри луѓе. Затоа, во името на светлата иднина на овие матуранти, пораката да веруваат во она што го сакаат, да сонуваат да стигнат далеку и високо, да ги освојат најголемите научно-образовни височини, зошто тие докажаа дека се подготвени за тоа, за нивното ново животно патување.

СИТЕ ЕМИСИИ