Пеењето, танцувањето и свирењето на инструмент е исклучително важно за самоизразувањето на децата, самодовербата и креативноста. Пеејќи заедно во хор, децата ќе откријат како да комуницираат и да се поврзат со другите. Со танц можат да ги истражуваат и контролираат движењата на телото. Свирењето на инструмент им дава уникатен увид во занаетот на пишување песни и изведба.
Но, и изборот на песната како тема, никако случаен, напротив со тема да мотивира, со стих и збор, да го допре, поткрене и мотивира детското срце. Да му остане врежано во неговата меморија и да му биде водилка во неговиот развој и освојување на новото, животот, науката, светот.
Затоа, оваа уникатна изведба, на децата од прво одделение од Интернационалното училиште НОВА, има големо значење.
Како што велат и преку песната:
„Ние сме шампиони, мои пријатели
И ќе продолжиме да се бориме до крај
Ние сме шампиони
Ние сме шампиони
Нема време за губитници
Затоа што ние сме шампиони на светот“.
Да, децата се нашите шампиони.
Моќно и безвременско!