НОВА – 16-ти годишен семеен базар 2022

Семејна традиција, гастрономија, заедно со игра, песна, забава, другарувања и хуманост. Ова се вредностите, креирани за да ги собере на едно место, по 16 пат, сите пријатели на НОВА. Како што расте семејството на НОВА, така се нижат и семејните базари, како едно посебно доживување за целата НОВА – заедница. НОВА уште еднаш покажа, дека на еден ваков ден, е место каде ги собира сите добронамерници, помагатели, организации, родители, пријатели, ученици, за да заиграат заедно, да бидат хумани, да донираат, да се сплотат и радуваат. Овој,  16-ти семеен базар е посебен, бидејќи, иако   се одржува секоја година,  по две години повторно се случува во живо. Посетеноста беше голема и имаше многу семејства, родители и насмеани деца.  Од Здружението на родители и наставници го изразија своето задоволство од успешноста на организацијата со став дека  ги радува тоа што  го имаат годишниот базар, надвор во прекрасната градина, каде има штандови со меѓународни храна, галење животни, многу забавни игри и сето тоа за еден прекрасен повод за „Светилник на надеж“ од Битола, кои изразија благодарност на Меѓународните училишта НОВА, што се поканети  да бидат  корисници на собраните средства. Тука беа и претставниците на  Советот на ученици, кои  собираа пари за матурската вечер. Потоа, претставници од  Добротворниот клуб „Искра надеж“, кои беа на семејниот базар за да го промовираат нивниот  настан, наречен „Трчаj за надеж“, кој има добротворен карактер и од кој собраните средства ќе бидат донирани во Детската клиника на одделот за онкологија. Присуствуваа и претставничките на Феминистичкиот клуб, кои продаваа голем број различни предмети, го промовираа клубот и  собираа пари за кампањата „Менструални кутии“, којaшто е планирана да се спроведе за бесплатни менструални артикли во различни училишта. Секако, за да се даде печат на сплотеноста на различните традиции и култури, кои се присутни во НОВА, беа поставени и штандовите со традиционална храна. Со вкусни специјалитети беа претставени: Македонска маса, Американска маса, на која фаворити беа  хот-дог и хамбургери, потоа Турска маса со  различна и многу вкусна турска храна, којашто е подготвена дома, како и  Грчката маса.  Спој на вкусови, колорит на бои, што асоцираат на топлина, семејство, сплотеност, радост.

Затоа, Семејниот базар на НОВА секогаш е посебен, зошто  создава моменти кои го прават среќно семејството, а тоа, пак, дава чувство на спокој и хармонија.

СИТЕ ЕМИСИИ