НОВА – Изложба на индивидуални проекти

Информатичари, уметници, готвачи, волонтери… НОВА ги собра на едно место индивидуалните проекти на учениците, кои покажаа колку успешно ја  совладале науката, во разни области.  Оваа Изложба на индивидуални проекти, е комбинација од петгодишна MYP- програма, а индивидуалниот проект е комбинација од целокупната програма. MYP- програмата овозможува на учениците да учат и да ги применат вештините што ги научиле, преку кои може да го прикажат најдобро она што го сакаат. Учениците може да изберат нешто академско, нешто уметничко, може да се видат многу проекти од видеоигри, до готвење, до волонтирање. Ова е одличен настан да се запознаат учениците и MYP – програмата. Одлична атмосфера, посветени  научници, кои на своите штандови со индивидуални проекти, со радост одговараа на прашањата и ги промовираа своите проекти. Фасцинира посветеноста и студиозниот пристап во изработката и презентирање на проектите на учениците. Едноставно, тие „живееле“ со своите истражувања, активности и работа на проектите.

Навистина е важно кога на учениците ќе им се даде предизвик – тогаш може да се види колку е голем нивниот потенцијал, колку е отворен нивниот ум и колку е се сериозни во наоѓање решенија за многу предизвици кои се во околината, кои чекаат на одговор или изнаоѓање на некое иновативно решение.

Така и овој пат, ставени во нов предизвик, учениците се пронашле себе си и она што сакаат да го креираат, за да го подобрат светот околу себе и да влијаат тој да биде подобро место за живеење за сите.

Од книга со поезија за страдањата на жените, тинејџерките, за нивните проблеми и предизвици со кои се соочуваат секој ден, проекти за кои им било потребно понекогаш и долго време, дури по 5-6 месеци да истражуваат за да стигнат до резултати. Потоа, изработка на уметнички дела со силни пораки за запирање на сексуалната злоупотреба, до изработка на удобни парчиња мебел, потоа проекти во техничкиот свет, иновации, како што е автоматски вентилатор, потоа филмови за спас на океаните од загадувањето, урбано планирање за градење модели, до проект за наводнување на растенијата. Млади научници, креатори, реализатори.

Во младите се крие голем талент, а тие преку проектите  само го потврдуваат тоа.

 

СИТЕ ЕМИСИИ