НОВА – Меѓународен ден на џезот 2022

Џез  или не? –  Тоа не е прашање! , рекол Луис Армстронг.

Музика која нема дефиниција, но има посебни ноти, изразена индивидуалност во изведбата, техниките, ритмовите. Џезот претставува многу повеќе од американски музички стил.

Затоа, заслужува да се слави и во НОВА, како Меѓународен ден на џезот.

Џезот, во 2011 година од УНЕСКО на иницијатива на легендарниот џез пијанист и композитор Херби Хенкок,  е признат од Генералното собрание на Обединетите нации  како Меѓународен ден на џезот, ден кој е посебно значаен, бидејќи зближува и обединува земји и заедници ширум светот, секој 30 април.

На денот на џезот, достојно одбележување приреди НОВА, а на настанот во негова чест, студентите, нивните родители, пријатели и сите љубители на џезот, имаа уникатно џез-доживување.

Инаку, Институтот за џез „Херби Хенкок“, е партнер на УНЕСКО во организацијата за промоција на Меѓународниот ден на џезот. Оваа непрофитабилна музичко- образовна организација се занимава со планирање, промовирање, низ меѓународните училишта низ целиот свет, меѓу кои и училиштето НОВА . Така, продуцирањето на овие годишни прослави  е во партнерство со сите училишта меѓу кои и НОВА, веќе 6 години. Меѓународниот ден на џезот  се одбележи во 180 земји во светот.

Џезот не е само музика. Важноста на џезот како алатка за постигнување на единство и мир, преку дипломатија е огромна. На прославата на овој џез-ден, во НОВА беше изведена програма, со  изведби на најуспешните џез уметници. Концерти  се одржуваат насекаде во светот на 30 април.

Во НОВА, во „Неделата на џезот“, се организирани многу џез активности во основното училиште, а за останатите класови, неговото изучување е  влезено во програмата. Во НОВА,  централна активност беше концертот на Триото  Гордан Спасовски, неговото дело „Light Pillar“,  Гоце Стефковски, Кирил Туфекчиевски, кои приредија уживање за присутните.

Џезот е  јазик на комуникација меѓу музичарите, изразен преку нивните соништа, страсти, емоции и желби. Секој од нив сака да звучи посебно.

Меѓународниот ден на џезот во НОВА, е уште една музичка лекција, инспирација и момент за заборав на проблемите во реалноста и секако уживање, кое може да го приреди само џезот.

СИТЕ ЕМИСИИ