НОВА СЕМЕЕН БАЗАР 2020

Кулинарски задоволства од целиот свет, танцување, изведби на песни, атлетски акробации и многу таленти со мисија  да мотивираат и да ја разбудат повторно хуманоста. Членовите на заедницата во меѓународното училиште НОВА се гордеат на традиционалниот   пролетен Семеен базар.

За жал,светската пандемија ги смени плановите за овогодинешниот Семеен базар, но традицијата не е прекината и настанот се организрашео онлајн. Здравјето на заедницата, на учениците и на сите граѓани, за нив е од огромна важност и затоа програмата и концептот се адаптирани на овој начин. Корисно и инспиративно за да се погледне, организирано со многу љубов и хуманост кај сите кои се вклучени во неговото реализирање, вработените, учениците, родителите.

Хуманоста е дел од корпоративните вредности на НОВА, а општествената одговорност е нивна постојана водилка. Затоа, уште еднаш СЕМЕЈНИОТ БАЗАР  ја задржа хуманитарната димензија, со тоа што собраните средства се наменети за  основното училиште за деца со посебни потреби „Иднина“ во Скопје. Сите хумани луѓе  донираа средства преку интернет страницата на училиштето. СЕМЕЈНИОТ БАЗАР  даде интересна содржина на сите граѓани кои се дома и успеа да ја побуди  и нивната хуманост и воедно заедно да соберат средства.

Затоа,овој настан е посебен,зошто гледаш како сите толку посветено го подготвиле своето дело, од оние кои се ангажирале во подготовка на некој кулинарски рецепт, од својата традиционална кујна, до оние кои во својата музичка работилница седнале да подготват музичко дело или да создадат музичка нумера за „короната“,„Сонцето“ и уште многу други изведби. Проткаена е умешноста на младите гитаристи, пијанисти, текстописци, во кои вистински се ужива додека се слуша, па и до оние ликовни уметници,кои си ги зачувале своите летни спомени од далечни патувања.

Другите пак,од кујните ни мафтаат со своите вешти раце,  покажувајќи ни како се приготвува манџа,традиционални американски колачиња, хамбургери и останати вкусни специјалитети од повеќе традиционални кујни, зошто семејството на НОВА е големо и мултикултурно. И така, додека изминуваат минутите од СЕМЕЈНИОТ БАЗАР , се шират и миризби и вкусови и песни и свирки, кои единствено предизвикуваат уживање и возбуда, но и голема почит за овој настан и неговите учесници. Како дополнување, зошто не смее да се заборави, она што НОВА го прави „посебно“, е фактот дека  организирањето на СЕМЕЈНИИОТ БАЗАР  е од страна на  Здружението на родители и професори од „НОВА“ во соработка со училиштето. Како и фактот дека досега дел од собраните средства на настанот биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ итн.Програмата за помош на заедницата, која успешно функционира во НОВА, досега направила безброј хумани активности, а учениците активно работат како волонтери, со што подготвиле многу оброци за социјално загрозените лица, биле заедно со лицата со попреченост, за да помогнат, покажувајќи личен пример, но и пример за тоа како треба да се учи, негува и да се применува хуманоста и солидарноста на дело.Затоа, и од ПОУ „Иднина“ искажувајќи ја својата благодарност за поддршката, со една топла порака, велат дека можеби зборовите на нивните ученици се сиромашни за да го искажат она што се крие во нивните срца но во нивните срца постои едно големо „ВИ БЛАГОДАРИМЕ“ што постоите,  зошто само отворени раце примаат подарок,само отворено срце прима љубов.

НОВА, несомнено покажува дека има едно „големо срце“ за хуманост.

СИТЕ ЕМИСИИ