НОВА-Шекспир 19

„Ме сретнаа на денот од победата и со свои очи и ум се уверив дека тие се над знаењето од обичните смртници…”  Да, учениците од Меѓународното училиште НОВА, се над обичното знаење и нивниот талент за актерска игра го докажаа преку претставата, подготвена на еден сложен и инспиративен автор каков што е Шекспир, предизвик за сите љубители на драмската уметност. Тука е нивната големина, нивната победа, во своето одлично одиграно дело, иако во специфични околности и преку онлајн изведба. Сепак, нема препреки кои можат да застанат на патот на овие млади луѓе, кои како ученици се доволно талентирани да се соочат со ликовите на овој славен автор. И се во знакот на таа 19-ка, која  е прекрасен број, затоа и симболиката, бројот да не биде запаметен по лошо,туку да го запаметиме после овој перформанс, по име ШЕКСПИР 19. Со сета сериозност во изразот, во својот говор, во емотивните напливи предизвикани од драмското дејствие, младите актери допираат до публиката.

Кога актерите ќе изговорат:„ О колку сортен дух овде пропаѓа! Поглед на дворјанин, меч на војник, говор на учен, надежта и славата на личново кралство, огледалото и урнекот за однесувањето и вкусот, примерот за секого, во пропаст, сосем во пропаст…“, всушност разбирате која е големината на овие млади актери, зошто ве потсетуваат кој е Шекспир и што значи да се подготви негово дело.

Кога ќе ја слушнете,пак, за крај Офелија со каква емотивност го завршува дејствието,велејќи: „О тешко мене што го видов она што го видов, што го гледам она што го гледам“, не останува ништо, освен да им дадете шанса, овие млади актери  да ве сретнат и вас и да ја извојуваат и кај вас својата победа.

Погледнете го видеото.

Тие се генијални!

СИТЕ ЕМИСИИ