НОВА – Вечер на класична музика 2022

Во чест на класичната музика, вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ музичката историја, преку партитурите на познатите светски композитори. Вечер, кога се слави убавината на секоја нота, која извира од вештите прсти на учениците на НОВА. Вечер, кога се спојува музиката од минатото, со музиката во сегашноста и иднината. Богата и одбрана програма, како избор за музицирањето, со лелеав „Музички сон“, традиционални песни на народите од светот, сонатини, пијано „Валцер“, до пијано „Игра“ , „За Елиза“ идр., кои се нижат една по една, која од која повпечатлива, емотивна.

Потврда за успешноста на ова музицирање е напредокот на студентите, во изминатите 10 години, преку желбата и истрајноста во изучувањето на инструментите и класичната музика. Успеси, кои ги постигнале заедно со своите професори, како ментори, но и поддршката од нивните семејства, со единствена заложба да се доближи класичната музика до нивната заедница и таа да расте во сите музички жанрови.

Збир на млади музички таленти, ученици од градинка до највисоките класови, оние што ги допрела класичната музика и станала нивно секојдневие. Тие детски прсти што „везат“ музика, што удираат по клавишите, што ги галат жиците. Што пловат низ музичката историја, низ вековите, преку композиторите. Тие се продолжение на Моцарт, Бетовен, Бах, Шопен… Затоа, тие вечно ќе живеат. Зошто, има млади таленти кои живеат со нив, во ова време. Колку да звучи храбро, тие се новите Моцарт, Бетовен, Бах, Шопен …

 

Затоа, силен аплауз за нив!

СИТЕ ЕМИСИИ