Со мноштво оревокршачи војници и со божиќни шуми кои маѓепсуваат, се е подготвено за да се прерараскаже приказната за четирите кралства – земјата на цвеќињата, земјата на снегулките, земјата на слатките и земјата на забавите. Зимски перформанс, како едно различно преземање на вечниот фаворит „Оревокршачка“ засновано на „Оревокршачката и четирите кралства“ на Дизни од 2018 год. од Николас де Карло, а во изведба на НОВА основното училиште.Спектакл, кој ја пренесува публиката од Божиќната прослава од 19 век во еден магичен свет,кој традиционално го прави НОВА, за да се покажат сите изведувачки уметности и талентите за актерска игра ,пеење, играње, танцување, од балет до ХИП ХОП, сите на едно место, добро подготвени за соочување со големата сцена. А на сцената, средба со Клара Сталбаум – млада девојка која патува во четирите кралства, во потрага по клуч кој недостига, за да се отвори подарокот даден од нејзината покојна мајка Мари. На овој нејзин возбудлив пат, на кој мора да го најде клучот украден од едно глувче, клуч кој треба да го стави во јајце што мајката и го подарила за Божиќ, таа открива заговор за уништување на животите на граѓаните од четирите кралства. Со помош на капетанот Филип Хофман (Оревокршачот), Клара го менува текот на нивните индивидуални судбини и судбините на сите жители на Четирите кралства. Претстава која отсекогаш е омилена за сите возрасти, бидејќи води на едно патување во свет на магијата, каде куклите оживуваат, снегулките танцуваат, и што уште не…Со прекрасна музика, како надополнување на таа магија. Претстава исполнета со армија сериозни актери, пејачи, раскошни вечерни тоалети, многу панделки на убавите детски главчиња, сјај, радост, од почеток до крај, Радост во отворањето на подароците, како најомилен чин за сите деца, а сите заедно танцуваат на прекрасните звуци на величенствената музика на Чајковски, за да се достигне врвот на магичноста, во која се и Шеќерка, Мразулка, Трендафилка, волшебните владетелки на своите светови. Така, целото ова волшепство, кое ни го приредува НОВА, овој вистински музичко-драмски спектакл, уште еднаш не потсетува на животните вистини. Зошто, како што завршува Клара, без поддршка, помош, се е потешко во животот. Но сепак, кога се соочуваме со тешка ситуација, треба да се погледнеме и во огледало, бидејќи се што ни треба е внатре во нас, но знаеме дека заедно сме посилни. А, посилни се и сите, за кои кралицата-НОВА, го прави она што е најдобро за нејзините луѓе. Порака која силно одѕвонува од сцената, на која се вклучени 350 ученици, покажувајќи одлична глума и храброст, самодоверба и креативност, на најпрофесионално ниво.