Еднаш, во многу, многу дамнешни времиња … всушност пред 20 години … Убавицата се омажи за Sверот во присуство на 6000 најблиски лични пријатели. Sверот ги обедини сите кралства и се избра себе си за крал на Соединетите Држави на Аурадон. Ги собра сите никаквеци и нивните помошници … практично сите интересни луѓе … и ги шутна на Островот на изгубените каде имаше волшебна ограда која не им даваше да побегнат. Тоа е моето маало. Нема магија. Нема интернет. Нема излез. Барем така мислев …Ова е накратко содржината на традиционална Новогодишна приредба на НОВА, уште една од повеќето, посветени на празнувањата, во најубавиот период од годината. Затоа, покана да се наместите удобно и да уживате во преработка на Дизниевиот филм „Потомци“, порачуваме и ние, како што порачаа и од сцената на изведбата на ова уметничко дело. За оваа приредба на сцената ќе се видат околу 350 ученици, околу 70 наставници и членови на персоналот, кои дале поддршка се да функционира беспрекорно. Се подготвувале околу два месеца за приредбата да изгледа беспрекорно. Претставата е посебна по сценариото, текстот, дијалозите помеѓу актерите и по сериозноста во нивниот младешки изглед, кој дополнително дава симпатија кон она што се гледа. Настан исполнет со огромна доза на сериозност во изведбата, налик на најголемите актери, кои кажуваат многу волшебни реченици за доброто и злото. Треба да се земе онаа книга со волшебни формули, бидејќи со волшебното стапче ќе можам на мојата волја да и ги потчинам и доброто и злото! Дијалог помеѓу лошата наречница и вечната борба помеѓу доброто и злото, Принцот Бен, Мал со својот изблик на среќа “Доброто е посилно од злото! А,„Злото е студено и тажно и камо среќа никогаш да не станеше ваква, мамо! Љубовта не е слаба и глупава. Всушност е прекрасна. Во изминативе неколку дена сфатив дека ги сакам Иви, Џеј и Карлос и го сакам … го сакам Бен“. Дел од претставата, во кој се крие голема силa:.„ Мајка ти е господарка на злото, а моите родители се пример за добрина, но ние не сме како нив. Можеме да одбереме какви ќе бидеме. И сега можам да те погледнам во очи и можам да кажам дека не си лоша. Можам да го видам тоа. Да, голема е задачата на потомците. Тие треба да ги импресионираат нивните родители, но како? Со тоа што ќе им го дадат волшебното стапче. Но, не само така, колку да го дадат, туку треба да направат, со тоа волшебно стапче да станат и добри потомци, а воедно да направат да победи и доброто над злото.