ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ

Музичка изведба вредна за паметење. Настан исполнет со актерска игра и песна, кој не може да ве остави рамнодушен.  Уште една поинаква приказна од НОВА, нешто што не се направило претходно, зошто ова е заминување во еден поинаков свет, светот на научната фантазија. Потврда дека НОВА секогаш знае да создаде поинакво задоволство за сите и за своите ученици кои се дел од претставите, но и за нивните семејства и пријатели, правејќи поинакви нешта, преземајќи ризици, и создавајќи иновации.

Приказната за оваа „Војна на ѕвездите“, своевидна бајка која ја обработува темата на вечната борба меѓу доброто и злото, сместена во средината на вселенското пространство  е алегорична визија за човечката историја и сегашност. Приказна, која  се одвива во далечната Галаксија, соединета во хармонија и мир, каде мистичната Сила ги обединува во заедништво сите планети и нивните жители, а тие се весели и слободни. Но, темните облаци на злото наскоро се надвиваат над среќниот живот во Галаксијата, а безмилосниот  Дарт Вејдер и неговите Стормтрупери се закануваат да ја заробат Силата и да започнат владеење на терор. Откако ја пoробуваат Набу, сината планета, трите херои Лук Скајвокер, принцезата Леа и  Хан Соло започнуваат акција. Знаејќи дека судбината на нивниот дом и пријателите е во нивни раце, започнуваат патешествие со цел да побараат помош од соседните планети. Дали ќе успеат да ги обединат сите загрозени жители и да ја вратат слободата во Галаксијата, или силата на Темнината ќе превладее? Доволно импресивно, за да предизвика да се погледне оваа одлично дело на младите уметници од НОВА.

Претставата е автентична по многу нешта, од учеството на сите ученици, таа армија на млади луѓе, до нивната игра, костими, музика, споени со нивниот импресивен уметнички талент. Балерини, од најмали до најголеми,  возбудени детски лица,раскошни фустани, разни улоги,  интересни облеки,колорит, направени што повеќе да го доловат фантастичното и да ве понесат да патувате во таа Галаксија, заедно со нив. Одлично музичко парче, кое плени со омилени музички рефрени, на кои секој ужива и потпевнува, онака како што прилега и на тајмингот на премиерната изведба, во чест на Божиќните празници и на сцената на Македонската опера и балет.

СИТЕ ЕМИСИИ