за ПРОЕКТОТ

Фантазија, војни, оревокршачи, принцези, кралства…Цвеќиња, снегулки, потомци, галаксии… Светови во кои ве водат претставите на НОВА. Патување кое е дозволено само на оние патувачи, кои сакаат да сонуваат заедно со студентите на НОВА. А, како и ние да станеме патувачи на овие возбудливи спектакли?

Перформанси кои се прават со многу труд  на многу луѓе. Спакувани мајсторски, секое на своето место, вклопено, одмерено, со стил, со знаење и умешност. Од таква работа, единствено може да произлезе една сценска магија. .

Како да не се посака да се игра, пее, танцува, кога во едно училиште мечтите се исполнуваат, сцената се дава „на дланка“, да го покажеш она што си го научил, она за што си сонувал

Како некој да не посака да биде на вакво патување ?

Студентите  на НОВА им закажуваат и војни на  ѕвездите, зошто веруваат во својата сила, дека  во борбата  меѓу доброто и злото,на крајот ќе победи доброто. Нив не ги плаши ниту далечната Галаксија, ниту мистичната Сила, зошто сите се соединети во хармонија и во заедништво, среќниот живот и слободата во Галаксијата наречена НОВА.  Овие студенти, блескаат со сета светлина давајќи прекрасни изведби во претставите.

Во изминатите години над 15.000 луѓе ги гледале овие претстави во живо, а десетици илјади ги гледале на телевизија или на социјалните медиуми.

Целокупниот концепт на претставите е потврда на пристапот кон образовните програми во НОВА. Наставните предмети по музика , танц и уметност за нив се битни и се дел од училишниот наставен програм и без нив образовниот пат на овие ученици не би бил потполн. Затоа ќе продолжи оваа успешна приказна а НОВА , спектакуларна и уверлива. За наша среќа!

Какви ли возбудувања ќе ни приредуваат понатаму студентите и професорите на НОВА, нестрпливо ќе чекаме да видиме. Слатки маки , кои на крјот завршуваат со триумф, и личен и колективен, кога се слуша громогласно БРАВО!

За тој миг „се живее“ во НОВА.

Кон проектот