Home Blog Page 6

ЉУПЧО МАРКОВСКИ

По осамостојувањето на Македонија, нашата фудбалска репрезентација во 1993 година го одигра првиот официјален натпревар под симболите на својата држава. Во тогашниот тим, кој во Крањ ја декласира Словенија со 4:1, се наоѓаше и вардаровиот одбранбен играч Љупчо Марковски – Калц. Потоа, тој настапи уште 29 пати за македонската сениорска  репрезентација. Покрај во ФК Вардар, тој имаше успешна кариера и во бугарскиот ФК ЦСКА, а беше клучен играч и во тимот на ФК Скопје од Автокоманда. Потоа, Марковски  кариерата ја  продолжи како тренер.

СИТЕ ЕМИСИИ

ТОДОР ГЕЧЕВСКИ

Тоше Гечевски беше еден од најекспонираните македонски кошаркари кон крајот на минатиот и првите две децении од овој век. Тој настапуваше за повеќе македонски екипи, а кариерата ја почна во КК Тиквеш во Кавадарци. Во странство најзабележителни беа неговите настапи во КК Задар, а еден период играше и во Италија, Германија и две сезони во КК ПАОК во Грција. Тој беше член на македонската репрезентација, која го освои 4-тото место на Европското сениорско првенство во Литванија во 2011 година.

СИТЕ ЕМИСИИ

ВАНЧО КАРАНФИЛОВ

Ванчо Каранфилов е вистинска легенда меѓу спортистите со инвалидитет. Натпреварувајќи се во стрелаштво тој има освоено голем број медали од врвните приредби. Меѓутоа, за врв во неговата кариера се смета второто место и освојувањето на сребрениот медал на Параолимпијадата во Атина во 2004 година. Покрај овој успех, Каранфилов еднаш беше прв, а по трипати втор и трет на Европските пренства, додека на светските шамионати освои три сребрени и  три бронзени медали.

СИТЕ ЕМИСИИ

ИВИЦА ГОЛУБИЌ

Ивица Голубиќ заедно со Мице Ристевски, беа првите боксери на БК МИК, подоцна БК Скопје, што зачекорија на рингот на новоформираниот клуб во скопската населба Автокоманда, во 1969-тата година. Голубиќ неколку години ги бранеше боите на БК Скопје, а беше стандарден и во периодот кога клубот се натпреваруваше во Втората југословенска лига.

СИТЕ ЕМИСИИ

САШКО КЕДЕВ

Ако во медицината академик доктор Сашко Кедев уште од поодамна обезбеди високо место, со искачувањето ,пак,на највисоките светски врвови се нареди и меѓу македонските спортски легенди. Она што е сон на секој што се занимава со спортот, кој носи многу опасности, Кедев го оствари во 2009 година, кога стана третиот Македонец што се искачи на највисокиот врв во светот Монт Еверест.

СИТЕ ЕМИСИИ

АЛЕКСАНДАР ЦАРЧЕВ

Александар Царчев неколку децении е присутен во македонскиот ракомет. Тој најнапред беше голман на Вардар, потоа и на македонската репрезентација. Во кариерата имаше настапи и во странство, а како тренер, еден период се грижеше за формата на нашите репрезентативни голмани. Царчев во моментов е тренер на ЖРК Вардар.

СИТЕ ЕМИСИИ

МИЛОРАД СТОЈМАНОВСКИ

Спортот не може без оние што го афирмираат и бележат резултатите  – спортските новинари. Едно од нашите најпознати пера е и Милорад Стојмановски, кој во 2022 година од Сојузот на спортовите на Скопје, беше прогласен за новинар на годината.

СИТЕ ЕМИСИИ

АРТИМ ШАКИРИ

Нашиот екс-фудбалски репрезентативец Артим Шакири, највозбудливиот момент во кариерата го доживеа во Саутемптон кога на квалификацискиот меч Англија – Македонија  со конечен резултат 2:2, постигна прекрасен гол од корнер. Тој имаше и богата меѓународна кариера, а настапуваше и за ВБА во Премиер лигата.

СИТЕ ЕМИСИИ

КИРИЛ ЛАЗАРОВ

За ракометната легенда  Кирил Лазаров -доволно е само да се спомене неговото име и  веднаш станува јасно за каква спортска величина станува збор. Во богатиот ракометен опус Лазараов стана рекордер по постигнати голови на Светските првенства, а во колекцијата од трофеи има освоено 15 првенства и 16 купови, настапувајќи за екипите од Македонија, Хрватска, Унгарија и Шпанија. Тој беше капитен, а сега селектор на македонскиот национален тим, кој во последнава деценија постојано беше присутен на големите ракометни приредби. Тој во моментов е тренер на суперлигашот Алкалоид од Скопје.

СИТЕ ЕМИСИИ

МАЛИ СЕМЕЈНИ ВИНАРНИЦИ

Малите семејни винарници имат голем потенцијал за развој и придонес кон напредокот на винската индустрија. Тие работат на осовременување на производството, нови технологии, брендирање, за да произведат квалитетни вина, кои се одлична шанса за развој и на винскиот туризам, од кој ќе се обезбеди и девизен прилив.

Семејната винарија „ЕРОС“ е пример за успешна винска приказна на семејството Андови. Винаријата е препознатлива на пазарот со своите квалитетни вина и со повеќе етикети. Тие вложуваат во развој и унапредување на работењето, настапуваат на престижни домашни и странски манифестации, со цел поголема промоција.

Во емисијата, анализа на темата за состојбите, можностите, новите инвестици, поддршката, на малите семејни винарници, преку примерот на „Ерос“ и соговорникот :

Сашко Андов – сопственик на Винарија „ЕРОС“ с.Марена, Кавадарци

СИТЕ ЕМИСИИ

LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
gohost.mk