Home Blog Page 7

ПРАВЕН КОНСАЛТИНГ ЗА РАЗВОЈ И КОНКУРЕНТНОСТ

Развојот на консултантската дејност е клучен фактор во севкупниот развој и успех на компаниите. Од квалитетните услуги на консултантите, во голема мера зависи и успехот на компаниите, бидејќи во процесот на водење на компаниите, обезбедување финансии, следење на законските промени, како и низа други потреби во деловното работење, зависи како една компанија се развија, колку напредува. Според консултантите, компаниите веќе препознаваат што носи консултантската поддршка, особено онаа кога од едно место ги добиваат сите потребни услуги и консултантите ги водат во процесите од деловното работење. Во областа на консултантски услуги, се гледа напредок и развој, кој се рефлектира во услугите и ефектите од нив, преку успесите на компаниите.

Дел од консултантските компании, прераснале во комплетен правен сервис за клиентите, каков што е примерот со консултантската компанија „Консалтинг интер груп“.

Повеќе, за состојбите, новините и трендовите во правниот консалтинг, како и за успесите на компаниите, преку анализата во емисијата, со соговорниците:

Пенка Мукаетова – генерален менаџер и сопственик на „КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП“ Скопје, Кавадарци

Никола Наумов – сопственик на „ГРАДБА ПРОМЕТ“ Кавадарци

СИТЕ ЕМИСИИ

ИЗВОЗНА КОНКУРЕНТНОСТ НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ

Индустријата на композитни материјали е конкурентна на странските пазари.Компаниите инвестираат во стандарди, современа технологија, дигитализација, за да одговорат на строгите барања на пазарите. Во македонското стопанство имаме компанија која е успешен пример од дејноста, која постигнала одличен развој во своето 20-годишно работење. Компанијата „Ламинати Ком„ Прилеп  е извозно ориентирана и ги пласира производите на многу странски пазари.

Во емисијата, анализа на темата со соговорниците:

Петар Василески – основач на „Ламинати Ком“ Прилеп

Томо Ѓорѓиески – основач на „Ламинати Ком“ Прилеп

Иван Василески – извршен директор на „Ламинати Ком“ Прилеп

Евгенија Ѓорѓиеска – извршен директор на „Ламинати Ком“ Прилеп

СИТЕ ЕМИСИИ

ИНВЕСТИЦИСКОТО ЗЛАТО СПАС ОД ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ИЛИ СМИРУВАЊЕ НА СТРАВОТ

Кризата донесе низа негативни влијанија. Таа се рефлектираше врз цените, инфлацијата, понудата, потрошувачката, недвижностите, енергенсите. Во вакви околности, граѓаните бараа начини како да ги заштитат своите заштеди и во што да инвестираат. Злато, сребро, банкарски депозити, недвижности, што е најдобро и што дава најголема заштита. Кај нас, се знае дека најмногу се купува недвижен имот и се чуваат пари на банкарски сметки.

Во светот, владее друга пракса. За да се намалат загубите, се зголеми инвестирањето во злато, сметајќи се како сигурна заштита од инфлација и како најликвиден имот. Златото, пак, под притисок на побарувачката, доживеа пораст на цената, нешто што е вообичаено за време на кризи.

Но, дали, всушност, може да се заштитиме од овие влијанија?

Според економистите, на конзервативен финансиски пазар и со ниско ниво на финансиска писменост, треба внимателност во донесувањето на одлуките за инвестиции, односно, да се внимава во што ќе се инвестираат парите. Тие, се разликуваат и со своите аргументи, во однос на инвестирањето во недвижности, валути или инвестициско злато и сребро.

Во амбиент на кризи и намалување на вредноста на парите, и кај нас, граѓаните започнаа да го насочуваат својот интерес кон инвестициското злато и сребро. Тие се новите форми за инвестирање кај нас, а веќе се отворија и компании за тргување со благородни метали,  инвестициско злато и сребро. Луѓето, се уште не знаат доволно за овој вид на инвестирање, бидејќи кај нас не беше можно да се тргува со инвестициско злато и сребро во минатото. Но, стравот од загуби на вредноста на своите средства и притисокот од инфлацијата, прават да се свртат и кон овие инвестициски можности. Нивните дилеми, според новите компании, специјализирани за тргување со благородни метали, одат дотаму, што прашуваат дали златото или среброто, навистина ќе го добијат кога ќе го купат.

Со вакво ниво на познавање на работите за инвестициското злато и сребро, „стои“ дилемата, колку стравот ги носи одлуките за инвестирање, наспроти правилните  пресметки.

Според познавачите на состојбите, прва предност за инвестирање во злато и сребро е фактот дека луѓето се слободни, бидејќи кога се инвестира во злато или сребро, се излегува од конзервативниот финансиски систем. Златото е злато во цел свет и може многу брзо да се смени за фиатна валута, производи или услуги, велат сопствениците на компании за тргување со инвестициско злато и сребро.

Нема посебни правила при купување на злато и сребро.

Законски, инвестициското злато е ослободено од ДДВ, тоа е така во поголем дел од светот. Инвестициското злато може да биде во форма на златни плочки од 24 каратно злато, може и да се монети-парички како наполеони, австриски дукати, филхармонија, австриски кенгур. Купеното злато или сребро кај нас, може да се продаде во секој крај на светот. Особено сега, додека, цената на златото расте, инфлацијата ги „јаде“ парите.

За сигурноста, при инвестирањето во злато, според економистите, потврдува фактот што златото е познато околу 5000 години, иако подзаборавено, со него, особено денес, се уште се тргува во светот.

За поголем развој на пазарот на инвестициско злато и сребро, според сопствениците на компаниите, кои работат во државата, треба да се надминат нелогичностите во процедурите, односно во законитоста што ја опфаќа оваа област.

Во  Македонија, според законските прописи, за да се изнесе златото, потребна е дозвола за извоз и да се приложат фактури, како доказ, од каде е купено златото.

Но, дали да се купи инвестициско злато или не?

Дел од академската заедница е против одлуката да се купува, бидејќи сега не е време, од причини што, златото е поскапо за 30% и не штити од инфлација.

Академик Абдулменаф Беџети, на пример, смета дека на среден рок, не е решение да се инвестира во злато. Но, и во недвижности или валути. Според него, ние имаме стабилна национална валута, денар и нема пречка да ја избегнуваме денарската домашна валута. Беџети смета дека, да се купува злато, кое е околу 30% поскапо од вообичаено, не е паметно.

Дел од економистите од регионот, пак, советуваат да се купува злато, како една алтернатива за спас од висока инфлација и заштита на инвестициите.

Според бугарскиот професор Красимир Петров – доктор на економски науки од Универзитетот Охајо во САД, средствата од инфлација, може да се заштитат, ако се инвестира во реални метали. Но, предноста на златото и среброто е во тоа што тие се познати од пред 5000 години и има исклучително ликвидни и големи пазари, за злато и сребро во САД, Велика Британија, Европа, Истанбул, Дубаи, Хонг Конг, Сингапур.

Според професорот Петров, кога некој ќе инвестира во стандардно инвестициско злато или сребро, тие лесно може да бидат продадени во соодветните држави, а и во Бугарија веќе има 7-8 трговци на инвестициско злато и сребро, кои продаваат и купуваат, така што, тоа не е проблем во последните 10-15 години, во Европа и Бугарија. Луѓето вообичаено стравуваат дали ќе може да го продадат во ова време златото или среброто, но нема потреба од стравувања, бидејќи нема проблем воопшто за тргување. Ако го имаме во вид ставот на бугарскиот професор Петров, пак, дека инфлацијата е сериозен економски проблем и ние треба да очекуваме дека ќе има продолжено дејство околу 5-10 години, тогаш со сигурност, златото и среброто треба да бидат во фокусот, како можни чувари на вредноста, а луѓето да преземат соодветни мерки. Во ова време, основните инвестиции, кои најдобро ќе ги заштитат нашите заштеди, се инвестициите во вистински средства, а тоа  може да бидат цинк, бакар, може да е железо, литиум, воопшто производно реални средства ,од типот на метал кој е долготраен. Секако, со акцент на златото и среброто, вели професорот Петров.

За српскиот професор по економија, Дејан Шошкиќ, пак, златото, може да е чувар на вредноста, но може да има и негативни стапки на приноси. Тоа зависи од колективната психологија. Доколку, луѓето се несигурни во валутите, во финансиските институции или во иднината, поради разни конфликти, кризи и сл., по правило во тие услови златото добива на вредност, но тоа не значи дека добивањето на вредноста е трајна карактеристика и дека работите нема да се променат, ако не се промени и колективната психологија. Не смееме да заборавиме дека колективната психологија на инвеститорите, во голема мера ги  одредува цените на финансиските пазари. Секако, вложувањето во злато и сребро е посигурно од вложувањето во криптовалути, на пример. Златото и среброто имаат алтернативна примена, што дава вредност, вели српскиот професор Шошкиќ. Затоа, пораката на проф. Шошкиќ е, дека граѓаните не треба да влегуваат во некакви ризични и панични потези. Ситуацијата е навистина со одредени неизвесности, но имало многу неизвесности од кои Европа и светот успеале да излезат со здрав разум и на некој среден рок, така што смета дека, тоа и сега ќе биде случај. Затоа, не треба да се донесуваат панични одлуки, добро да се процени што се алтернативите и да се води сметка за тоа кога имаме финансиски имот, да ја одбираме онаа алтернатива, која е во состојба во поголема мера да не заштити од инфлација, но исто така, ако може и да генерира некој приход, тогаш би било идеално.

Инвестициите во благородни метали, се чини, наоѓаат оправдување кај голем број граѓани и кај нас, според тоа што го тврдат од компаниите кои продаваат и купуваат.

Едно е сигурно. Може да инвестираат сите кои имаат слободни парични средства.

М-р Марија Георгиевска
Уредник и водител на емисијата за бизнис и економија ПРОФИТ

ПРОФИТ – РАЗВОЈ И НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МЕДИЦИНСКАТА ДЕЈНОСТ

Медицинската дејност во приватниот сектор го достигнува својот највисок развој. Компаниите инвестираат во најсовремена медицинска опрема и технолошки апарати, работат по водечки стандарди и со врвен стручен кадар.

Во приватната медицинската област, се вложува во современи методи и медицинска опрема. Примерот на „Биотек лабораторија“ е потврда за ваквите состојби. Како прва дијагностичко – специјалистичка лабораторија осмислена по водечки светски стандарди, оваа лабораторија е потврда за следење на современите светски трендови во работењето, со инвестиции во опрема со најсовремени медицински апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема и светски брендови, дополнително и  акредитирана согласно важечките стандарди и соодтвено сертифицирана преку надворешна контрола од Германија. За опременоста на лабораториската дејност, потврдува и примерот на „Биотек лабораторија“, во која се изработуваат околу 400 анализи од областа на медицинска биохемија (хематолошки, имунолошки, серолошки анализи), микробиологија, молекуларна дијагностика и генетика(NIPT тестирање). Врвната технологија дава брзи и прецизни резултати, a високо стручниот кадар е гаранција за грижата на здравјето на секој пациент. Квалитетот на услугите, го испорачува и стручниот кадар, а „Биотек лабораторија“ е единствена во која работат еминентни доктори: професори на Медицински факултет, примариуси и доктори специјалисти, со големо теоретско знаење и практично искуство, кои се во секое време достапни за консулатација, толкување на резултатите и совети за понатамошни испитувања и лекувања.

Кога станува збор за „Биотек лабораториите“, тие  нудат врвни генетско-молекуларни тестирања по светски стандарди, кои ги има само кај нив. Клиничките  лаборатории се опремени со врвна опрема и реагенси, а  како увозници гарантираат  за нивниот квалитет, бидејќи ги поддржуваат со тренирани специјалисти. Од компанијата велат дека  со инвестирање во една ваква лабораторија која пред се има најсовремена опрема и врвен, но и одличен медицински кадар, сакаат да придонесат максимално кон подобрување на здравјето на луѓето.

За состојбите во дејноста,  анализа на темата, со

Анкица Синадинова Базерко – генерален директор на „Биотек групацијата“ – „Биотек Поликлиника“, „Биотек Лабораторија“

СИТЕ ЕМИСИИ

ПРОФИТ – ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ КЛУЧНИ ЗА ОТПОРНОСТ И РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ

Mенаџирањето на човечките ресурси  има улога да го промени начинот на кој работиме. Сепак, какви промени се потребни? Дали професионалците за човечки ресурси се подготвени и компетентни да ги водат промените во организациите? После KОВИД-19 кризата и во услови кога повеќето организации веќе презедоа многу промени, отпуштања и одредени притисоци, кои резултираа со внатрешен отпор. Тоа создава средина на немир и напнатост. Имајќи предвид дека промената е единствената константа во денешното работно опкружување, македонските професионалци за управување со човечки ресурси, поставија јасна тема, на    14-та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR Expo 2022, насловена како: Отпорност – Поттикнување на бизнисите кон иднината! во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси.Намерата на организаторите,  да дадат увид во идните трендови и да претстават различни добри практики кои можат да се сфатат како поттик, но и како пример за следните чекори и промени во организациите, беше постигната. Претседателот на Македонската асоцијација на човечки ресурси, Дарко Петровски  ја истакна големата улога на  на сите менаџери на човечки ресурси за нивната издржливост и посветеност во овие исклучително тешки години за овој сектор, на што е особено горд.

За состојбите во дејноста, анализа со соговорниците:

Дарко Петровски – претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси

Наташа Павиќ – „IWConnect“

Еван Болстад – претседател на Европската асоцијација за менаџирање на човечки ресурси

Вера Ставрофф – претседател и извршен директор на „HerbalScience“ и „AlkaloidUSA“

Дарко Велков –  извршен директор и ко-сопственик на „Вработување.ком“

СИТЕ ЕМИСИИ

ПРОФИТ- СЕРИЈАЛ ЗА ПРИМЕНА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО КОМПАНИИТЕ

Примената на енергетската ефикасност на компаниите, во време на енергетска криза и сложени услови на работење, е значаен фактор, кој влијае на нивното опстојување. Кризата наметна потреба од брзи прилагодувања, за да се намалат загубите во работењето.

Какви инвестиции се реализираат под притисок на потребите да се намалат трошоците за електрична енергија во производството, дали се постигнуваат  енергетски заштеди во една компанија. Колку се случуваат грешки при имплементирањето на фотонапонските централи и какви се последиците. Очекувањата за поврат на инвестициите се големи, што покажуваат искуствата кај компаниите кои веќе ги имплементирале и какви се влијанијата на животната средина со енергетски ефикасни системи.

Искуства, ставови, совети и нови факти од стручни лица во компанијата Раде Кончар ТЕП, преку  нивната инсталирана  соларна фотонапонска  централа, која работи успешно, во СЕРИЈАЛОТ за примена на енергетската ефикасност, со соговорниците:

Сашко Карадаков – раководител на Електротехнички сектор во „Раде Кончар ТЕП“

Скопје

Влатко Канчевски – менаџер за развој на бизнис во „Раде Кончар ТЕП“ Скопје

ПРОФИТ – РАЗВОЈ НА ТРГОВИЈАТА СО ПРОИЗВОДИ ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОВИТЕ

Трговијата со производи за внатрешно уредување на домовите се развива, а пазарот се збогатува во чекор со современите трендови. Конкуренцијата на пазарот е голема, а од компаниите кои продаваат производи од палетата за спење, душеци, кревети и останати додатоци,  велат дека довербата кај купувачот се гради со информирање на реалната состојба за производот и неговиот квалитет. Развојот на компаниите треба да се постигнува преку вложување во истражувања, развој на производи со иновации и следење на современите трендови во работењето. Тоа се потврдува преку примерот на компанијата „Мебло јоги“, чии производи на македонскиот пазар ги продава  „Стилком“.

Во емисијата, анализа за состојбите во дејноста, преку разговорот со

Драган  Димитриевски –  сопственик на „СТИЛ- КОМ“ СКОПЈЕ

СИТЕ ЕМИСИИ

LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
gohost.mk