Home Blog Page 5

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ – БИОТЕК ЛАБОРАТОРИЈА – ХЕМИСКА АНАЛИЗА НА БУБРЕЖНИ КАМЧИЊА

Заради честотата, бубрежните камчиња се светски јавно-здравствен проблем. Хемиската анализа која кај нас единствено се изведува во биохемиската лабораторија Биотек во Скопје предвидува дали тие повторно ќе се појават.

Гостин: д-р Виолета Солева – спец. по медицинска биохемија

 

 

ЕМИСИИ

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ – БИОТЕК ГЕНЕТСКА ЛАБОРАТОРИЈА – МОЛЕКУЛАРНА И ГЕНЕТСКА ЛАБОРАТОРИЈА

БИОТЕК генетска лабораторија е прва приватна специјалистичка лабораторија направена по светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати.

Гостин: Д-р Катерина Поповска – Јанковиќ – доктор на биолошки науки, магистар по молекуларна биологија, генетичар во Поликлиника Биотек.

 

 

ЕМИСИИ

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ – ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК – ЖИВОТ СО АЛЕРГИИ

Една третина од светската популација живее со некој вид на алергија. Доколку се открие и соодветно се третира животот со алергија може да биде квалитетен и без ограничувања. Тоа се однесува и на децата, но и на возрасните.

Гостин: д-р Татјана Баевска Вучковиќ – спец.ијалист педијатар, субспецијалист, пулмоалерголог во Поликлиника Биотек.

 

 

ЕМИСИИ

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ – ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК – СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ

Медицина на труд превентивно се фокусира на дијагноза и третман на повреди и болести поврзани со работата. Систематските прегледи на работниците се редовна пракса во Поликлиниката Биотек

Гостин: д-р Ивана Величковска Мицковски-специјализант пo медицона на труд

 

 

ЕМИСИИ

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ – ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК – ХПВ ИНФЕКЦИЈА

ХПВ инфекцијата е основна причина за појава на рак на грло на матка. Со редовни гинеколошки прегледи болеста може да се превенира или да се открие во рана фаза и успешно да се третира.

Гостин: Д-р сци.мед Ирена Андонова – специјалист по гинекологија и акушерство од Поликлиника Биотек.

 

ЕМИСИИ

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ – ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК – ХИПЕРТЕНЗИЈА

Над 30% од светската популација или 2,5 милијарди луѓе во светот имаат зголемен крвен притисок. Ова е водечка причина за појава на кардиоваскуларни болести. Во контекст на Светскиот ден на хипертензија оваа тема ви ја нудиме во ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ НА НАША ТВ!

Гостин: д-р Зоран Михајловски – спец. по интерна и семејна медицина ОД Поликлиника Биотек.

 

ЕМИСИИ

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ МЕЛЕМ ОД ВКУСОВИ – Здрав начин начин на исхрана

Гости соговорници:

Андријана Срчокова – сопственичка на „Мелем од вкусови”

Ана Јорданова Дубровска – сопственичка на „Мелем од вкусови”

Надица Илиевска – нутриционист

 

 

ЕМИСИИ

ПРОЕКТ ЗДРАВЈЕ БИОТЕК ГЕНЕТСКА ЛАБОРАТОРИЈА – НИПТ и НИПТ +

НИПТ и НИПТ + е неинванзивно пренатално тестирање на трудници – метода која одредува дали постои ризик за присуство на одредени генетски абнормалности кај фетусот.

Гости соговорници:

Д-р Катерина Поповска – Јанковиќ – доктор на биолошки науки, магистар по молекуларна биологија, генетичар од БИОТЕК ГЕНЕТСКА ЛАБОРАТОРИЈА

Д-р сци.мед Ирена Андонова – специјалист по гинекологија и акушерство.од ПОЛИКЛИНИКА БИОТЕК.

 

 

ЕМИСИИ

МОНИКА МАТЕСКА и РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ

Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски беа македонски претставници на 59. Венециско биенале на уметноста кое се одржа од 22.04 – 27.11.2022 година, а се претставија со проектот „Пејзажно искуство” (Landscape Experience) поставен во објектот Scuola dei Laneri. Носител на проектот е Националната галерија, комесар: д-р Дита Старова Ќерими, куратори: м-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ Младенов. „Landscape Experience” е мултинаративен транстактичен проект кој на критичко-дискурзивен начин укажува на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, кои се и данок на капитализмот и политиките на власт, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски) за нечии идеали, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите. Македонската публика има можност во Чифте амам да  се запознае со  националниот мултимедијален проект „Пејзажно искуство“. Во освртот кон изложбата, кураторот Ана Франговска запиша: Уметничките истражувања на Мотеска и Јанкулоски со својот наратив припаѓаат на широкото поле на уметнички искази кои ѝ даваат важност на културата на сеќавањето, која има сè поголемо значење не само во конституирањето на историјата „која ја пишуваат победниците“, нејзината митологизација и критика, туку и во контекстот на изградување на лични и колективни идентитети – родови, расни, етнички, верски, социјални.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ

СИНИША НОВЕСКИ

Културно – информативниот центар во  Скопје во Салон Империјал 1, на втори март 2023, беше отворена изложба на скулптури од Синиша Новески под наслов “Фамилија“ во која авторот во разни тематски и стилски варијанти го негува фамилијарниот култ на човекот низ сензибилната претстава на телото и поттиците на внатрешниот живот.  Во изложбата „Фамилија“, секоја скулптура е одвоена сама по себе, заради тоа што секоја скулптура е во различен материјал и уметнички стил, има различна патина, форма и текстура. Фигуративната скулптура понекогаш е минимално стилизирана и се движи кон апстракција во стилот на кубизмот, симболизмот и надреализмот.

Едноставноста, рамнотежата и чистата пластичност на скулптурите, оставаат простор и за проширено толкување на неговите дела. Тоа се значајни квалитети во ова крајно вознемирено  време, полно со страв и неизвесност, време во кое секоја искра на човечност и позитивна проекција на складност и надеж во ликовниот израз, делува благотворно и за уметноста која ја изгуби аурата на емотивност и остана во просторот на својата површна провокативност. Материјалот и чувствата во делата на Новески се неодвоиви компоненти  во кои е содржана човечката искра на благост и блискост, но и на отуѓеност,  искажани со една непосредност или „изворна едноставност“. Во нив се препознава неисцрпната убавина на минатото – добра основа за наредните творечки истражувања и дела на уметникот, пишува  Владимир Величковски, во каталогот за изложбата.

Синиша Новески (роден на 6. септември 1978) е академски скулптор и педагог. Има повеќе од 20 скулптури изложени во јавни простори во Македонија, Србија, Бугарија и САД. Излагал на 20 самостојни и повеќе од 30 групни изложби. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија како и на Друштвото на ликовни уметници од Македонија во Србија, во кое бил член на Управниот одбор од 2014 до 2022 година. Учествувал  во повеќе од десет ликовни колонии и симпозиуми и освоил исто толку награди како за сопствено уметничко творештво, така и за менторско-педагошко работење со студенти. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во како најдобар студент во класата по вајарство на професорот Васил Василев, во следните две години работел како асистент на еминентни скулптори Томе Серафимовски, Драган Попоски-Дада, и Никола Смилков. Титулата професор по уметност се здоби во 2004година, а од 2007 до 2011 година предавал ликовно образование во СОУ „Свети Наум Охридски“ во Македонски Брод. Магистерски студии на Катедрата за вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ги завршил во 2011 година кај професор Жарко Башески. Синиша Новески живее и работи како самостоен уметник во Скопје.

СИТЕ ИЗЛОЖБИ

LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
gohost.mk