ПОМАГАЧОТ
ДОКУМЕНТАРНО РЕАЛНО ШОУ
ДОКУМЕНТАРНО РЕАЛНО ШОУ
ПРЕМИЕРА | РЕПРИЗИ |
Вторник 20:30 | Среда | 14:30 Сабота | 11:30 |
Сабота 20:30 | Недела | 11:30 Понеделник | 11:30 |
Времетраење: 25 минути
За наградите…. Покрај тоа што добива пари за тоа што го работи тоа што го сака, за што е исклучително среќен, дури на неколку пати бил и наградуван.
Во 1980 година ја освојува наградата “Златен Екран” за најпопуларно ТВ лице во тогашна Југославија за серијата “Булки крај Шините”.
На фестивалот Стоби во 2011-та година добитник е наградата „Најдобро актерско остварување“ за улогата Агаменмон во претставата “Геноцид 21” од Љубиша Георгиевски во режија на Владлен Александров.
Добитник е наградата „Најдобар актер во 2011“ според весникот Дневник.
Добитник е на наградата „Актерот на Европа“ на меѓународниот театарски фестивал во 2014-та година за улогата Велко во “Црнила” од Коле Чашуле.
Во 2017-та година магистрираше на Универзитетот за аудиовизуелни уметности со театарската претстава „Сердарот-или Честа како заборавен збор„. Не за да режира, туку за да се надгради како уметник.
Емисијата ПОМАГАЧОТ е наменета за деца, згодни мајки, убави татковци, шармантни баби, питоми дедовци. Се препорачува како додаток на мекедонски производствени компании и предизвикува потентни финансиски резултати. Предизвикува љубопитство и завист кај колегите и конкуренцијата. Ако по гледањето на оваа епизода се чувствувате горделиви Ви ја препорачуваме и следната епизода, три пати неделно со по две репризи. Ако барате услуга за една вечер и сакате да си поминете ефтино, свртете неколку бројки нанапред или неколку бројки наназад на Вашиот далечински управувач и побарајте услуга од македонскиот медиумски бордел. Производот ПОМАГАЧОТ не се препорачува на луге без емоции. Последно предупредување. Програмата на НАША ТВ предизвикува мислење.