ПРОФИТ
ЕМИСИЈА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА
ЕМИСИЈА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА
ПРЕМИЕРА | РЕПРИЗИ |
Четврток 20:30 | Сабота | 13:15 |
Петок 20:30 | Недела | 13:15 |
Времетраење: 60 минути
Признанијата се само мотив да се продолжи понатаму , да се креираат уште многу успешни емисии а тие да бидат примени како една убава содржина која им е важна на сите, на гледачите, на оние ко се дел од стопанството но и на сите останатаи кои сакаат да научат нешто за водењето на сопствениот бизнис , како да се основа сопствен бизнис и слично..,
Гостите во ПРОФИТ се најчесто успешни бизнисмени и менаџери во областа во која работат и истите зборуваат за почетоците и за патот до успехот по кој тргнале , за развојот на нивниот бизнис, за идеите кои попатно се раѓале., за желбата да се понуди на пазарот еден сосема поинаков производ но застапени се и млади и нови претприемачи кои ги мотивираат останатите
Промовирањето на компаниите, преку нивните инвестиции, проекти , нивните идеи , нивниот напредок на сите полиња во кои работат е предизвик кој значи и придонес за креирањето на нови работни места, поттикнување на нови бизниси и поттикнување на претприемништвото е МИСИЈА која е врежана во концептот на емисијата и уредувачката политика.
Голем предизвик е да се опстои на концепцискaта определба за поддршка и таа да се прави континуирано а тоа да биде препознаено и вреднувано од гледачите, од институциите, од самите компании, нивните менаџери , од претприемачите
Емисијата ПРОФИТ продолжува во нови подвизи заедно со сите кои се дел од неа, поход кој ке донесе и нови признанија за нашата мисија.
Емисијата ПРОФИТ е наменета за еден човек. Ако Вие сте тој човек останете тука. Скришно гледање и прераскажување не се препорачува. Оговарање нема. Доколку ви се појавуваат бројки и шепотите анализи додека водите љубов , веднаш посетете го Вашиот финансиски консултант или вашиот личен банкар. Важно предупредување. Проектот ПРОФИТ предизвикува мислење. За Вас и Вашиот производ. Не се пресметувајте и не се ценкајте. Вас ви треба промоција и продажба на Вашиот производ. Проектот ПРОФИТ е единствен и не постои заменски прозвод на пазарот на медиуми. Вашиот успех е во Вашата храброст. Важно предупредување. Програмата на НАША ТВ предизвикува МИСЛЕЊЕ.