ПРОФИТ

ЕМИСИЈА ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

Profi logo

МАЛИ СЕМЕЈНИ ВИНАРНИЦИ

Малите семејни винарници имат голем потенцијал за развој и придонес кон напредокот на винската индустрија. Тие работат на осовременување на производството, нови технологии, брендирање, за да произведат квалитетни вина, кои се одлична шанса за развој и на винскиот туризам, од кој ќе се обезбеди и девизен прилив. Семејната винарија „ЕРОС“ е пример за успешна винска приказна на семејството Андови. Винаријата е препознатлива на пазарот со своите квалитетни вина и со повеќе етикети. Тие вложуваат во развој и унапредување на работењето, настапуваат на престижни домашни и...

за ПРОЕКТОТ

Проектот ПРОФИТ е емисија за бизнис и економија и во медиумскиот простор нуди решенија веќе 8 сезона по ред. Досега се реализирани над 800 емисии со над 3000 гости. Новинарката м-р Марија Георгиевска и нејзините гости даваат одговори на актуелни прашања од областа на економијата, бизнисот, претприемништвото, образованието потребно за конкурентно стопанство, иновациите, напредокот и развојот на компаниите, поддршка на стартап бизнисите, институционалната поддршка, регулативата, и сл. Гостите во ПРОФИТ се успешни бизнисмени, менаџери,...
ПРЕМИЕРАРЕПРИЗИ
Четврток
20:30
Сабота | 13:15
Петок
20:30
Недела | 13:15

Времетраење: 60 минути

НАГРАДИ

Економската емисијата ПРОФИТ преку својот концепт е синоним за успех кој се
верификува преку низа признанија и награди. Концептот на емисијата е насочен
кон следење на компаниите и целокупното стопанство во сите сектори преку
развојот , патот до успехот но и преку сестрана поддршка и можност да ја
истакнат својата бизнис приказна. Ваквиот пристап е награден низ годините
многу пати и тоа од Министерство за економија и координативното тело за
општествена одговорност за активен медиумски промотор на општествената
одговорност на компаниите.
Новинарката Марија Георгиевска исто така е и
членка на жири комисиите како претставник на еконоските редакции од
медиумите за оценка на апликациите за општествено одговорни компании
Марија Георгиевска е присутна на низа од настани, трибини, конференции,
самити каде е поканета од позиција на истакнување на стручни ставови и
излагања за концепциската поддршка на компаниите преку темите кои ги
третира. , како пример дека со поддршка може да се успее повеке.
„ Она што ме води мене низ мојата работа и е да го најдеме и да го истакнеме она
што е позитивно. Знаеме деке не е се така добро, но знаеме дека имаме што да
направиме „
Од наградите кои досега ги доби емисијата ПРОФИТ се вбројуваат
– Престижното признание за волонтерство на министерството за труд и социјална
политика ,
– Признание од агенцијата МАРИЛИ за поддршка на жените менаџери ,
– Наградата од бизнис конфедерацијата на работодавачи за поддршка на
бизнисите
– Признанието за поддршката на креативните индустрии од конгресниот центар
Александар Македонски
– Признание од здружението на органски производители ЖИВОТ за континуирана
медиумска поддршка на македонското органско производство

Признанијата се само мотив да се продолжи понатаму , да се креираат уште многу успешни емисии а тие да бидат примени како една убава содржина која им е важна на сите, на гледачите, на оние ко се дел од стопанството но и на сите останатаи кои сакаат да научат нешто за водењето на сопствениот бизнис , како да се основа сопствен бизнис и слично..,

Гостите во ПРОФИТ се најчесто успешни бизнисмени и менаџери во областа во која работат и истите зборуваат за почетоците и за патот до успехот по кој тргнале , за развојот на нивниот бизнис, за идеите кои попатно се раѓале., за желбата да се понуди на пазарот еден сосема поинаков производ но застапени се и млади и нови претприемачи кои ги мотивираат останатите
Промовирањето на компаниите, преку нивните инвестиции, проекти , нивните идеи , нивниот напредок на сите полиња во кои работат е предизвик кој значи и придонес за креирањето на нови работни места, поттикнување на нови бизниси и поттикнување на претприемништвото е МИСИЈА која е врежана во концептот на емисијата и уредувачката политика.
Голем предизвик е да се опстои на концепцискaта определба за поддршка и таа да се прави континуирано а тоа да биде препознаено и вреднувано од гледачите, од институциите, од самите компании, нивните менаџери , од претприемачите
Емисијата ПРОФИТ продолжува во нови подвизи заедно со сите кои се дел од неа, поход кој ке донесе и нови признанија за нашата мисија.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Емисијата ПРОФИТ е наменета за еден човек. Ако Вие сте тој човек останете тука. Скришно гледање и прераскажување не се препорачува. Оговарање нема. Доколку ви се појавуваат бројки и шепотите анализи додека водите љубов , веднаш посетете го Вашиот финансиски консултант или вашиот личен банкар. Важно предупредување. Проектот ПРОФИТ предизвикува мислење. За Вас и Вашиот производ. Не се пресметувајте и не се ценкајте. Вас ви треба промоција и продажба на Вашиот производ. Проектот ПРОФИТ е единствен и не постои заменски прозвод на пазарот  на медиуми. Вашиот успех е во Вашата храброст. Важно предупредување. Програмата на НАША ТВ предизвикува МИСЛЕЊЕ.

Новата емисија почнува за:

за ПРОФИТ

ЕМИСИИ

за ПРОЕКТОТ

Проектот ПРОФИТ е емисија за бизнис и економија и во медиумскиот простор нуди решенија веќе 8 сезона по ред. Досега се реализирани над 800 емисии со над 3000 гости. Новинарката м-р Марија Георгиевска и нејзините гости даваат одговори на актуелни прашања од областа на економијата, бизнисот, претприемништвото, образованието потребно за конкурентно стопанство, иновациите, напредокот и развојот на компаниите, поддршка на стартап бизнисите, институционалната поддршка, регулативата, и сл. Гостите во ПРОФИТ се успешни бизнисмени, менаџери,...
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
gohost.mk