Рубенс Муаровски сите го паметат како најголемата детска звезда на нашето време…
Јас не го знам од тоа време. Мене ми е другар. Денес. Ми беше другар и пред 30 години.. И за сите овие 30 години ми е другар. Просто не ми се верува дека не успеавме да се скараме ни еднаш во овие 30 години…
Се разбираме..Се знаме… Како маж и жена….Не до толку…Ама….
Секогаш е тука за мене. ..За се сме спремни да разговараме..И за ова …и за она….И за се да се смееме… И двајцате сме смешни… секој на свој начин. Често не ги паметам сите глупости.. Мислам дека Рубенс ги памети моите… И ме прераскажува…
Многу сакам да го прошетам Ливерпул со Рубенс заедно… Фанатик на БИТЛСИ… На Ливерпул… Тоа нема кој не го знае за Рубенс.
Јас сум така опседнат со мојот точак… И со… Секој со својата болест… Страст… Сепак и двајцата сме нормални. Додека не побудалиме.
Колку е патетично да пишуваш за другар. Кога ке го видам утре, ке го бацам.
Ристо Гоговски