за ПРОЕКТОТ

Еден од најчестите проблеми на поединците и заинтересираните групи кои сакаат да отворат сопствен бизнис е како идејата да ја спроведат во бизнис. Имаат идеа , можеби имаат и пари но не го знаете патот до реализација и ризиците на секој бизнис поединечно. .

Mаркет , стоматолошка ординација, лаунџ бар, , производство на здрава храна, салон за убавина, маркетинг агенција, видео продукција, сервис за автомобили, интернет продажба, пекарство, услужни сервисни дејности, трговија со текстил, производство на органски производи, пакување на зрнести производи, итн….). Секој од овие бизниси е различен за реализација. Преку oбуки и практични чекори од основање на фирма и правни совети за бизнисот во дадена ситуација , со помош на искусни предавачи, професори, но и луѓе од конкретната дејност кои веке се успешни претпроемачи , го пренесуваат искуството за да го доближат најдобро во работењето во дејноста. Во проектот се вклучени млади луге како и жени претприемачи и се обучуваат каде да бараат финансиски средства, кои извори се достапни исл., и каде и на која начин може да се вмрежуваат.

Секоја од емисиите посветена на различна категорија на бизнис или процеси и фази од бизнисот од секоја од работилниците. Продукција на успешни бизнис приказни или фази од бизнисот е мотивација преку проектот САМ СВОЈ ГАЗДА да се стигне и до едукација и до возбуда и копнеж за реализација на сопствената идеа.
.
Проектот е фокусиран на фази и искуства во претприемништвото и проблеми кои го попречуваат поголемиот развој на претприемништвото. Таргет публика се младите но и сите кои имаат претприемачки идеи и сите кои директно влијаат на развојот на претприемништвото.
Нашата мисија е јасна и нашите очекувани резултати се да допреме до младите, да ги воведеме во светот на можностите што ги дава претприемништвото и конкретно да ги насочиме да го искористат својот потенцијал, а со тоа да влијаат на економскиот развој.

Кон проектот