за ПРОЕКТОТ

ФАКТИ: ФАКТИ: ФАКТИ: Мал проект по минутажа , но голем по идеа. ФАКТ.

Проектот „ЗА БИЗНИСОТ“пренесува корисни совети, мисли, ставови и пораки од најпознатите светски бизнисмени, иноватори, менаџери и академски авторитети во делот на науката за менаџмент и бизнис.
Подготвени во форма на сублимирани пораки, преку добар графички приказ на она што треба да се слушне, види и меморира а со единствена цел да се искористи за осознавање на нови искуства на менаџери и лидери кои ќе ги применат во менаџирањето на компаниите.
Секое видео е нова лекција по лидерство и менаџмент, драгоцено е и импресионира со содржината и фактите кои се потврда за големината на овие луѓе. Нивните успеси треба да послужат како пример во бизнисот. Нивните животни приказни се само потсетување дека можеш да немаш и ништо, но еден ден можеш да имаш големо богатство.
Мотивирачки пораки и умни мисли на овие големи умови, кои се сопственици на најголемите компании, со милиони долари, магнати во разни сфери на бизнисот, како лекции кои секој треба да ги слушне и види.
И не мора да бидеш дел од бизнис светот за да најдеш мотивирачка порака во овие видеа.
Листата на успешни претприемачи е долга, а во проектот се селектирани најдобрите: Џон Рокфелер, Опра Винфри,Доналд Трамп,Тед Тарнер, Џорџ Сорос,Реј Крок, Лари Флинт,Марк Виктор Хансен,Руперт Мардок и славниот Бил Гејтс.
Освен нив, заслужено, во видеата се сместени и Ерик Шмит, Питер Дракер, Лашли Митал, Филип Најт,Џон Мекеј, Риџард Бренсон,Филип Грин идр.
Во ова видео ке ве мотивираме со две изјави:
Првата е на Доналд Трамп кој вели: Секојдневно имате прилика да преземете ризик и да поработите малку надвор од вашето сигурно гнездо.
Втората е на Чарлс Шваб:
„Мислам дека способноста да го подигнам ентузијазмот кај луѓето е најголемата вредност што ја поседувам, најдобар начин да го извадите најдоброто од нив е да ги цените и мотивирате“.
Овој проект „ ЗА БИЗНИСОТ„ е мал по минутажа , но голем по идеа. ФАКТ

Кон проектот