АВТОРСКИ ПРАВА
Создавате дело. Било какво. Предмет. Текст. Фотографија.
Вие сте авторот. Вие сте сопственикот.
Сакате да го продадете делото? Го продавате. Делото има нов сопственик. Повторно Вие сте
авторот.
Сопственикот на Вашето дело го купил Вашиот труд, Вашата имагинација. Но повторно Вие сте
авторот.
Сопственикот кој го купил Вашето дело е само сопственик на Вашето дело.
Тој не може да се потпише како автор на делото кое Вие сте го создале.
Нас ни е битно да ја разграничиме сопственоста на делото од авторството на делото. За да го
добие секој она што му припага.
Нашиот продукт НАША ТВ е создаден од работата на многу автори и многу создадени дела. Ние не
можеме да ги емитуваме ако за истите некој автор или сопственик на делото не ни дал право
истото да го емитуваме. Склучуваме договори за вработување, авторски договор , договори со
продукции, со продуценти , бараме согласности, замолуваме, се договараме.
Создавеме сопствена прграма. На тоа сме најмногу фокусирани. Секојдневно да има нова и нова и
нова програма…
Секој дел од програмата на НАША ТВ има свој автор и сопственик на правата на делото кое го
емитуваме. Секое дело кое се емитува мора да биде регулирано со договор и согласност за
емитување или реемитување или отстапување на авторските права на одредено дело.
Затоа замолуваме. Доколку Ви треба било кое дело за јавно емитување или реемитување а кое е
создадено за потребите на програмата на НАША ТВ и НАША ТВ е потписник на тој продукт,
слободно јавете ни се за да се договориме.
Разумни сме. И почитуваме.