РАЗВОЈ НА ТРГОВИЈАТА СО АЛАТИ И МАШИНИ ЗА ИНДУСТРИЈАТА И ДОМАЌИНСТВАТА

Трговијата со професионален алат, машини и опрема е развиена, а потребите на пазарот се задоволени.Компаните кои работат во дејноста, вложуваат во развојот за да понудат квалитет и избор на најсовремени професионални алати и машини, во чекор со светските трендови, а тоа го овозможуваат преку понудата на најдобрите брендови. Инвестирањето во квалитетен алат и машини влијае врз успехот во работењето на индустријата,производството, бизнисите, домаќинствата.
Во емисијата, за состојбите, предизвиците и развојот, анализата ја направивме со г-дин Стево Лозановски – сопственик на компанијата „Лотулс“, генерален увозник и дистрибутер на MAKITA, светски познатиот производител на електричен алат за професионалци, MAKITA MT – професионален електричен алат економска класа, NAKAYAMA – градинарски програм, BORMANN – електричен алат, KNIPEX – професионален рачен алат, MATRIX – рачен електричен алат за домашна употреба, M7 – пневматски алат.

 

СИТЕ ЕМИСИИ