СЕРИЈАЛ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ ЕПИЗОДА 5

Социјалното претприемништво е фокусот на стартапите. Многу млади креативни лица со иновативен дух и претприемачки начин на размислување, направија храбри чекори во претприемништвото и стартап компаниите. Социјалната економија има голем потенцијал, а во државата постојат и конкретни бизнис центри и програми кои нудат соодветна поддршка.

Петтата епизода од Серијалот, споделува  информации за можностите кои постојат за сите кои сакаат да станат дел од стартап заедницата, да станат претприемачи, да навлезат во социјалното претприемништво. Дополнително и информации за можностите на жените во светот на претприемништвото, преку успешна македонска стартап приказна.

Стартап компаниите кои се дел од социјалната економија, треба да ги користат сите можности што ги нудат бизнис центрите, акцелераторите и хабовите, како и странските програми, за да успеат да ја реализираат својата идеја, но и да опстојат и да  станат одржливи. Со нивниот развој ќе се  зајакне капацитетот за иновации во различни економски сектори и општествено корисни подрачја, а тоа ќе генерира  општествена вредност за заедницата од нивната претприемачка активност.

СИТЕ ЕМИСИИ