JAZZ TV

Џезот е развивање на “внатрешен глас”,импровизација, групна интеракција, и отвореност кон различни музички можности. Во едно интервју од 1988год., тромбонистот Џ.Џ.Џонсон изјавил: “Џезот не мирува. Никогаш не мирувал и никогаш нема да се смири.” Иако џезот не може лесно да се дефинира, јасно е дека импровизацијата е негов клучен елемент.Во источноевропскиот ( вклучително и Балкански џез) преовладуваат фолк мотиви . Главни инструменти се гитарата, виолината и контрабасот. Солото преминува од еден на друг музичар во зависност од тоа како гитарата и басот учествуваат во ритам-секцијата. Некои музички истражувачи тврделе дека всушност Еди Ланг и Џо Венути од Филаделфија први го започнале ова партнерство гитара-виолина, типично за овој жанр, што се пренело во Франција и понатаму на југот и истокот од Европа . На Балканот имаме вклучување и на традиционални инструменти.
Регионалните џез музичари со нивните концертни и сингловски изданија преку : Етно-Џез , Би- Бап , свинг , Кул-Џез, Фри-Џез , Соул-Џез, Фанки-Џез , Џез-Рок , Џез-Фјужн , Џез-Кор , Смут-Џез , Ну-Џез , Есид-Џез, Модуларен-Џез и сите подправци на овој тип на музика , од Јака Пучихар , Драго Гајо , Примож Грашич – Словенија , преку Матија Дедиќ – Хрватска , Елвир Бандиќ – Босна , Душко Гојковиќ , Војислав Симиќ , Васил Хаџиманов-Србија , Црногорскиот џез бенд “Балтазар” , Eлина Дуни од Албанија , Џипси Груви од Косово , Хари Тавитјан – Романија , Теодоси Спасов – Бугарија , Анадолис Николас- Грција , Гоце Стефковски-Македонија , наскоро само на JAZZ TV .