За NOVA

 

Почитувани посетители,

Добредојдовте во нашата заедница. Името на нашето училиште (NOVA) и на латински и на македонски јазик значи „ново“. Американското домородно значење е „брка пеперутка“. Во астрономијата, NOVA  значи ѕвезда што одеднаш станува илјадници пати посветла.

Меѓународното училиште НОВА е признато како водечко меѓународно училиште во Македонија. Ние сме училиште кое првенствено и служи на меѓународната заедница во Скопје, како и на локалните семејства со глобален поглед, кои ја претставуваат локалната разновидност што се наоѓа тука.

Ние ги подготвуваме нашите студенти да студираат на универзитети ширум светот. Здравјето и безбедноста на учениците се важен предуслов за учење. Ние го зајакнуваме учењето преку грижливи и добро обучени едукатори. Нашите наставници доаѓаат од четиринаесет различни земји и тие носат вистински меѓународен свет на идеи во нашето училиште. Постојано работиме за да бидеме сигурни  дека нашите  наставни програми се развиваат, во согласност со светот што се менува.

Нашите студенти доаѓаат од повеќе од 45 различни земји и тие ни помагаат да создадеме мулти-културен контекст каде што идеите и знаењето можат да се развиваат.

Нашата училишна мисија :

Откривајки се себеси и другите , во срцето и умот, не плашејќи се од можностите.

-Првиот дел се однесува на нашата слобода да се развиваме и нашата отвореност да ги пречекаме и прифатиме другите, со што придонесуваме и користиме од различностите што ги имаме тука. Нашите ученици се развиваат во истражувачи и комуникатори, тие имаат знаење и истовремено се и принципиелни.

-Вториот дел од нашата мисија се однесува на нашето верување во холистички развој, па затоа е избалансиран пристапот на академски активности, лични интереси и социјално и емоционално учење. Нашите ученици се развиваат во грижливи, рефлексивни и избалансирани индивидуи, и тие се исто и мислители.

-Третиот дел од нашата мисија се однесува на надминување на предизвиците, опстојување и преовладување во зоната на учење, за шансите  да ги исполниме и надминеме нашите очекувања. Нашите ученици се развиваат во лица што преземаат едукативни ризици и тие се со отворен ум, кон светот кој напредува со можностите.

Се надевам дека со нашето присуство на оваа веб страница ви овозможуваме да добиете увид во нашето училиште и неговите ресурси и тоаа што го нудиме за сите членови на нашата заедница.

Бидејќи комуникацијата е многу важна за секоја успешна заедница, слободно разгледајте ги нашите активности и на веб-страницата www.nova.edu.mk и разберете дека нашите врати, училници и канцеларии се отворени за нашите семејства кои се еднакви партнери во образованието на детето.

Со најголема почит,

Иван Новаковски

Директор

Меѓународно училиште НОВА

 

Кон проектот