Home Blog Page 12

WINTER PERFORMANCE 2022

НОВА во празнично руво, во пресрет на Божиќната магија. Насмеани детски лица, многу ѕвезди, снегулки, ѕвончиња, лампиони, игра, смеа, забава.

Што ќе донесе Дедо Мраз, ах, колку големи желби се запишани во тајното детско ковчеже испратено до него.

Затоа, во негова чест, НОВА беше претворена во Божиќна бајка, приреди одлична забава, а децата полни со среќа, го исполнија својот дел од таа магија.

Од пригодни претстави, на малите и големите студенти, до Божиќен базар, каде можеше да се купи вреден подарок, за своите сакани.

На крајот, по сите игри, песни, танци, заслужено,  сите поитаа во прегратките на Дедо Мраз, за да направат фотографија за спомен, на оваа Божиќна претстава.

СИТЕ ЕМИСИИ

РАБОТНИЦИТЕ СЕ СТОЛБОВИТЕ НА КОМПАНИИТЕ

Каде е коренот на „злото“?

Компаниите страдаат од хроничен проблем со недостиг на работници, со што трпат загуби и работат со адаптирани процеси. Пандемијата продолжува да ги влошува состојбите.

Компаниите, од една страна, треба да се борат за опстанок и работа во исклучително тешки услови со енергетска и економска криза, а дополнително ги оптоварува и постојаната потрага по работници.

Проблемот е сложен и ги зафаќа полека, но сигурно сите сектори. Истите проблеми ги делат многу сопственици на бизниси. Ако прашате, има ли луѓе за работа, почнуваат: „страшно е , постојано отворени огласи и луѓе кои  дефилираат, доаѓаат и заминуваат. Некои од нив се пријавуваат, но не доаѓаат на интервју, други доаѓаат ги вработувате и за неколку дена заминуваат, со разни изговори, а има и такви кои ги вработувате, но не се појавуваат на првиот работен ден, на новото работно место.Нудиш и повисока плата, нудиш и убави работни услови, но пак не се задоволни.“

Чудно, но вистинито.Ваква е сликата во компаниите.

Но, зошто се случуваат овие трендови? Дали е само наш проблем?

Можеби, малку ќе смири сознанието дека ист проблем имаат и компаниите во многу  развиени земји. Постојано се објавуваат информации, дека имаат проблем со недостиг на работници, па се доведува во прашање опстанокот и развојот на компаниите. На пример, само 2 % од австриските работодавачи рекле дека немаат проблем со работници. Останатите, се загрижени и сметаат дека доаѓаат лоши денови за нивните компании, бидејќи нема работници.

Ако 83 проценти од австриските работодавачи велат дека имаат проблем со работници, кога речиси цел Балкан заминува во овие европски земји, кај нас сигурно е полошо. Исказите на сопствениците на бизниси, само го потврдуваат тоа.

Во што е проблемот?

Каде е коренот на „злото“? Според економските аналитичари, постојат повеќе фактори. Меѓу нив, проблем има со ниската продуктивност, која вообичаено доаѓа со застарените технологии, цената на трудот, неповолни состојби на пазарот на труд. Светскиот економски форум, во таа смисла, во свои истражувања, државата  ја смести низ годините, меѓу земјите со најголемо отселување на работниците, односно на 129 место од 140 земји,  според способноста да се задржат квалитетните работници.

Треба ли да се лоцираат проблемите на ваквите состојби со работниците и малку наназад, уште од процесот на образование, колку тој е квалитетен и колку реално подготвува кадри за пазарот на труд. Дали новото образование ги направи полежерни образовните процеси, а децата уште од најрани години се учат на попусти, привилеги, лажни добри резултати или лажни вредности, па токму тоа подоцна, „се удира од глава“, бидејќи истото се провлекува и низ процесот на студии, особено со зголемувањето на бројот на приватни високо-образовни установи. Тоа „комотно“ поминување низ сите фази, кај еден млад човек, кога треба да се подготви за работно-животните процеси, очигледно остава големи последици и затоа, тие доаѓаат со исти очекувања на лежерност и за работната позиција, каде не треба многу да се мачи, но мора да земе плата.

Сите анализи, на овие теми, постојано потврдуваат исти состојби, дека „постои неусогласеност на потребите на пазарот на труд и она што го нуди образованието“. Веројатно, тука е изгубена врската помеѓу она што значи реална потреба на компаниите и она што тие го имаат како избор при регрутирање на пазарот на труд и затоа го имаме новиот лик на работник, денес. Од друга страна, вакви анализи покажуваат дека  „во процесот на учење, има недостаток од соодветна и квалитетна практична обука за стекнување стручни вештини, а наставните програми не се приспособени на реалните потреби за квалификација. Потребата од поседување „меки“ вештини како, комуникацијата, одговорност, самокритичност, посветеност, важни за извршување на работните задачи  е занемарена и младите многу малку ги поседуваат. Затоа, многу млади  кои се работоспособна категорија, не можат ефикасно да се вклучат во економијата поради несоодветното образование и несоодветната стручна подготовка“, покажува публикацијата „Опис на специфичните вештини потребни за водечките компании“, изработена од Стопанската комора на Македонија, за потребите на Проектот „Образование за вработување во Република Северна Македонија“. Што треба повеќе да се каже.

Зошто порано немало ваков проблем, зошто сите фабрики биле полни со илјадници вработени и сите вредно работеле, биле задоволни на работното место и испорачувале резултати и квалитет.

Дали треба да се разбере дека работниците во новото време  се помрзеливи, помалку заинтересирани за работа, заради разни фактори и околности?

Колку е потребно, пак, да се реагира, а работодавачите од профитот да  одвојат поголем дел за подобрување на условите за работа на работниците, од секој аспект, обуки, простор, бонуси, исл.

Можеби проблемите на компаниите ќе ги ублажат вложувањето во  обуки, праќање на доедукација во  странски центри и сл. нешто што ќе биде и мотивирачки и атрактивно за работниците. Не, велат дел од сопствениците на компаниите. Напротив, тие со тоа добиваат уште еден проблем, кои секојдневно ги плаши, а тоа е чинот на заминување на готовиот обучен кадар, во кој вложиле многу средства.

Каде се изгуби лојалноста кај работникот, што го поттикна овој тренд, чувството на постојано изигрување или промените на генерациите и нивните  нови карактери?

Потребен  е „абдејт“ на стратегијата за вработување,  да се адаптираат мерките и политиките за пазарот на труд на новото време, на променетиот лик и карактер на потенцијалниот вработен.

Задолжително. Зошто, луѓето се повеќе обрнуваат внимание на дополнителните бенефиции што се нудат на една работна позиција, во споредба со порано. Луѓето повеќе како да сакаат да работат во една опуштена верзија на работен ангажман, со една лежерна – сериозност, да работат, но да немаат притисок, тензии, строгост, туку повеќе да владее емпатичност, разбирање, позитивна атмосфера, прифаќање, толеранција за постапките исл..

Многу анализи покажуваат дека строгиот и диктаторски однос во една компанија носи последици во опстојувањето, честа флуктуација на вработените, лоша работна атмосфера, која ја намалува продуктивноста и одзема голема енергија на работниците.

Според ова, се добива впечаток дека, нема пари, кои може да го „купат“ работникот, ако е ставен во ваква токсична работна средина.

Многу напредни земји веќе спроведуваат програми и експериментираат со разни политики, за мотивирање и привлекување на работниците и подобрување на нивната продуктивност. Се нуди флексибилност во работењето и избор, работење од дома или канцеларија, ги намалуваат деновите на работната недела, забрануваат јавувања или комуникација на работодавачот со вработениот по работното време или викенд( примерот со Франција, регулирано со законски одредби), пресметување на патот да се стигне на работа, во работните часови, и редица други поволности, со цел да ги подобрат условите за работа, да привлечат подобри работници, токму со ови дополнителни поволности.

Параметрите покажувале дека има резултат од вакви мерки.

Домашните компании ги решаваат проблемите со недостиг на квалификувана работна сила со овие чекори многу малку, зошто, велат не се во можност.

Дали пресметале, дали одмериле, што е подобро, да биде во постојана потрага по добри работници, да се губи продуктивно време со интервјуа, да пријавува, одјавува, селектира, убедува, исл. или да  тргне по обратниот пристап, да работи на постојано подобрување на работната средина и да создаде имиџ на таков работодавач.

Дали се подготвени?

Сега, многу малку од нив. Но, во иднина ќе мораат повеќето. Зошто, „на голема врата“ доаѓаат новите генерации на работници, кои апсолутно немаат разбирање за лошите услови понудени од работодавачите, без размислување заминуваат, под услов и да бидат во вечна потрага по нова работа. Едноставно, го бараат само најдоброто за нив, кое ги исполнува нивните очекувања.

„Умираат“ времињата кога работниците работеа во страв дека ќе го загубат своето работно место и молчеа и работеа и под мизерни услови и плати. Останува уште еден бран, од постарите генерации на работници кои се останати, кои работат помирени со лошите услови. Како што поминува времето, циклусот се случува и со заминување на оваа категорија работници, понатаму нема да постојат  такви, кои ќе ги имаат овие карактеристики. И, тогаш можеби ќе се случи и пресвртот кај работодавачите, бидејќи ќе немаат компромис. Ќе мора да се навикнат на  новиот лик и карактер на работникот.

Дали стои тезата, дека лошите воспитувања и системот ги направија овие непроценливи штети, создавајќи вакви состојби, со ставот „учи за да не работиш“ или „вработи се во државна администрација и уживај“? Или транзицијата, недоволно платениот труд на работникот, изигрувањето преку разни форми, од страна на работодавачот. Или трендот да се замине надвор, по секоја цена.

Проблемот е во тоа што тие, не се слободни на своето работно место, Тие постојано очекуваат и се на „готовс“, имаат чувство дека ќе бидат изиграни, ќе добијат помала плата, дневница, исл. и затоа не се оптоваруваат, затоа помалку работат, немаат простор да се предадат со цел капацитет на работата, туку работат во очекување секој момент да добијат нов удар.

Ваквите трендови, на пазарот на труд, доаѓаат како некакво возвраќање на  ударот на работниците, врз работодавачите. Нешто што се случува, но никој не сака да го каже гласно или да ги анализира причините, па да се подготват стратегии, за да се влијае на овие состојби.

Надминување на неповолните состојби во стопанството, со недостиг на работници, е приоритет, зошто отчукува времето.

Ајде, да ги создадеме тука тие подобри услови, да го направиме привлечно нашето работно место, да ги мотивираме вработените.

Придобивките ќе одат на двете страни и кај работодавачите и кај работниците, но и на целата економија.

 

 

М-р Марија Георгиевска
Уредник и водител на емисијата за бизнис и економија ПРОФИТ

СОВРЕМЕНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ

Тема за состојбите во земјоделството, со посебна анализа на состојбите во лозарството и овоштарството.

Според сопствениците на земјоделските компании, за успех во земјоделското производство, потребно е постојано вложување и следење на современите трендови.Развојот на земјоделството може да се постигне со знаење, стручен едуциран кадар, а тоа дава можност за воведување на нови производи, кои ќе имаат додадена вредност.Компаниите кои работат со производство на лозови и овошни садници работат на квалитетот и нудат голем избор на саден материјал, кој е произведен по сите стандарди.

Многу повеќе за состојбите, во анализата со соговорниците:

Васка Мојсовска – сопственик на „АГРО КАЛЕМ“ с.Тимјаник,Неготино

Ангела Мојсовска – главен агроном во „АГРО КАЛЕМ“ с.Тимјаник,Неготино

СИТЕ ЕМИСИИ

ЕКОНОМСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА 2021 ГОДИНА

Минатата  година ја одбележа битката за одржување на ликвидноста, обезбедување на финансии, надминување на проблемите со производството, пазарите, конкурентноста, зголемените цени на суровините, зголемените производствени трошоци, енергетската криза, како последица на пандемијата. Во ваков амбиент, во текот на годината, во емисијата преку повеќе теми, побаравме мислења од сопственици и менааџери на компании, менаџмент консултантите, тренери за личен и професионален развој, едукатори, производители, трговци, од повеќе дејности, за да ги пренесеме и анализираме состојбите. Споделивме и успешни приказни на наши мали производители, кои храбро чекорат во претприемачките води и се соочуваат со сите предизвици, поддржани од организации и странски донатори.

Затоа, потсетување во ретроспективното издание на емисијата.

СИТЕ ЕМИСИИ

„УНИКА“ И „УНИКА ЛАЈФ“ СО НОВИ ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ И УСПЕШНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО

„УНИКА“ АД  Скопје и „УНИКА ЛАЈФ“ АД Скопје  свечено ги отворија новите деловни простории и ја одбележаа успешно завршената деловна година. На свеченоста,во присуство на еминентни имиња од осигурителниот и банкарскиот сектор, институциите и деловните соработници и пријатели на друштвата,  беше истакнат успехот и достигнувањата на „УНИКА“, на македонскиот осигурителен пазар. Во рамките на свеченоста на присутните се обрати Авни Понари – претседател на Надзорен одбор на „Сигал Уника Груп“, а своето задоволство за успесите на Уника, го изрази и австрискиот амбасадор во државава, Неговата екселенција д-р Георг Вуцас.Постигнатите успеси ги истакнаа и директорите на двете осигурителни друштва Дритон Азизи – генерален директор на  Друштво за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје и Александра Шкемби Антовска –  генерален директор Друштво за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје.Инаку, Друштвото за осигурување UNIQA а.д Скопје е во сопственост на водечката австриската осигурителна компанија UNIQA Insurance GroupВо Македонија UNIQA а.д Скопје е правен и деловен наследник на Сигал а.д Скопје кое беше основано како ќерќа-фирма од СИГАЛ, Албанија во 2004 година. На македонскиот осигурителен пазар ги нуди своите продукти од 2005 година.Во јуни 2009 година, македонската подружница на SIGAL UNIQA Insurance Group се ребрендира/реструктуира во UNIQA а.д. Скопје и продолжи да ги нуди сите форми на неживотно осигурување продавајќи ги преку своите вработени во продажба, и мрежа на надворешни соработници – агенти и брокери. Од 26 мај 2011 година преку новоформираната компанија UNIQA Life Македонија“, UNIQA влезе и на пазарот на животно осигурување во Македонија.

СИТЕ ЕМИСИИ

УЧЕСТВО И УСПЕСИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА ГЛОБАЛНАТА РУНДА НА СВЕТСКИОТ УЧЕНИЧКИ КУП (World Scholar’s Cup) 2021 ВО ДУБАИ, ОАЕ

УЧЕСТВО И УСПЕСИ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА ГЛОБАЛНАТА РУНДА НА СВЕТСКИОТ УЧЕНИЧКИ КУП (World Scholar’s Cup) 2021 ВО ДУБАИ, ОАЕ

 

Светскиот ученички куп (The World Scholar’s Cup – WSC) е меѓународна тимска академска програма за ученици од над 65 земји. Целта на овој натпревар е да ги охрабри учениците да учат надвор од рамките на типичната наставна програма и да им овозможи на ученици од различни култури да дискутираат прашања и идеи поврзани со денешницата. Се работи за натпревар што се одржува во забавна и инспиративна атмосфера и е одлична можност за учениците да ги развиваат своите вештини за критичко размислување во однос на годинешната тема – Возобновен свет (A World Renewed).

Тимовите се натпреваруваат во четири главни настани: индивидуален тест по општи знаења, пишување во тимови, дебатирање во тимови и квиз во тимови. Покрај четирите главни настани, се одржуваат и социјални и академски активности од ненатпреварувачки карактер со цел да се постигне пријателска атмосфера помеѓу учесниците.

Македонската делегација на овој престижен натпревар ја сочинуваа 10 ученици од ПСУ “Јахја Кемал“, 3 ученици од ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје и двајца ученици од локално училиште во Дубаи,.кои во конкуренција од 23 земји, ги бранеа државните бои на Светскиот куп.

На 15-12-2021 во склоп на Светскиот ученички куп – WSC, имаше саем на култури каде нашата делегација одлично ја престави можностите на Република Македонија.

Изразуваме благодарност до водачот на Македонската делегација г-дин Никола Гелинчески, благодарност до МНР за подршката, на нашата Амбасада во ОАЕ за подршката и помошта, на Агенијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија за подршката со промотивен материјал, на фирмата Хераклеа за подршката со традиционални прехрамбени продукти.

Два тима го надминаа прагот на поени на глобалната рунда и директно се квалификуваа на последниот круг од натпреварот, Турнирот на шампиони, што ќе се одржи на Универзитетот Јејл во ноември 2022. Уште 3 тима обезбедија дополнителна квалификација за тој натпревар.

Подетално за успесите на Македонската Делегација:

Наставник на годината на светско ниво –

Никола Ѓелинчески – ПСУ “Јахја Кемал“

Тест по општи знаења – тимски признанија:

Сребрен – 11 место – тим 614 – Виктор Јакимов, Лука Вајевиќ, Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Златен – 8 место – тим 617 – Ирем Таук, Сара Тошиќ и Самар Шах – ПСУ “Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Дебата – индивидуални признанија:

Сребрен – 101 место – Ирем Таук – тим 617 – ПСУ “Јахја Кемал“

Сребрен – 97 место – Лука Вајевиќ – тим 614 – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Сребрен – 95 место – Сара Тошиќ – тим 617 – ПСУ “Јахја Кемал“

Сребрен – 76 место – Адеа Рамука – тим 615 – ПСУ “Јахја Кемал“

Сребрен – 69 место – Гентиан Битиќи – тим 616 – ПСУ “Јахја Кемал“

Сребрен – 65 место – Андреи Калин – тим 615 – ПСУ “Јахја Кемал“

Златен – 45 место – Баани Синг – тим 618 – Џумериа Инглиш Спикинг Скул

Златен – 35 место – Јана Тасевска – тим 615– ПСУ “Јахја Кемал“

Златен – 27 место – Самар Шах – тим 617 – Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Златен – 13 место – Сара Кнежевиќ – тим 614 – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Ученички квиз – тимски признанија:

Сребрен – место 39 – тим 618 – Тамара Симиќ, Михаела Костовска, Баани Синг – ПСУ “Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Сребрен – место 28 – тим 617 – Ирем Таук, Сара Тошиќ и Самар Шах – ПСУ “Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Сребрен – место 26 – тим 615 Андреи Калин, Адеа Рамука, Јана Тасевска – ПСУ “Јахја Кемал“

Сребрен – место 23 – тим 616 Деа Рамадани, Емрие Рамадани, Гентиан Битиќи – ПСУ “Јахја Кемал“

Златен медал и трофеј – место 6 – тим 614 – Виктор Јакимов, Лука Вајевиќ, Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Пишување индивидуални признанија:

Сребрен медал – место 97 – тим 617 Самар Шах – Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Сребрен медал – место 82 – тим 614 Лука Вајевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Сребрен медал – место 76 – тим 614 Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Сребрен медал – место 68 – тим 618 Тамара Симиќ – ПСУ “Јахја Кемал“

Сребрен медал – место 54 – тим 615 Јана Тасевска – ПСУ “Јахја Кемал“

Златен медал – место 29 – тим 617 Ирем Таук – ПСУ “Јахја Кемал“

Златен медал и трофеј – место 1 –тим 618 Баани Синг – Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Тест по знаење – индивидуални признанија:

Златен медал и трофеј – место 4 – Самар Шах – Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Посебни предмети:

Општи науки – златен медал – Самар Шах – Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Литература – сребрен медал – Лука Вајевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Уметност – сребрен медал – Адеа Рамука – ПСУ “Јахја Кемал“

Наука, специјална тема, општествени науки – 3 сребрени медали – Виктор Јакимов – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Литература, наука, специјална тема – 3 златни медали – Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Литература сребрен медал, општествени науки, специјална тема, историја, наука, уметност – 5 златни – Баани Синг – Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Литература, општествени науки, специјална тема, историја, наука, уметност – 6 златни медали – Самар Шах- Џумеира Инглиш Спикинг Скул.

Дебата тимски признанија:

Сребрен медал – место 40 – тим 618 – Тамара Симиќ, Михаела Костовска, Баани Синг – ПСУ “Јахја Кемал“

Сребрен медал – место 27 – тим 614 – Виктор Јакимов, Лука Вајевиќ, Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Сребрен медал – место 21 – тим 617 – Ирем Таук, Сара Тошиќ, Самар Шах Синг – ПСУ “Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Златен медал – место 16 – тим 615 – Андреи Калин, Адеа Рамука, Јана Тасевска – – ПСУ “Јахја Кемал“

Пишување тимски признанија:

Сребрен медал – место 28 – тим 614 – Виктор Јакимов, Лука Вајевиќ, Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Сребрен медал – место 23 – тим 617 – Ирем Таук, Сара Тошиќ, Самар Шах Синг – ПСУ “Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Златен медал и трофеј – место 7 – тим 618 – Тамара Симиќ, Михаела Костовска, Баани Синг – ПСУ “Јахја Кемал“

Најдобри ученици по училиште:

Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Јана Тасевска – ПСУ “Јахја Кемал“

Најдобри ученици во сите категории:

Златен медал – место 16 – тим 614 – Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Златен медал и трофеј – место 8 – тим 618 – Баани Синг – Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Златен медал и трофеј – место 7 – тим 617 – Самар Шах – Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Најдобри тимови во сите категории (најдобрите 20 се квалификуваат за Јејл):

Сребрен медал – место 19 – тим 617 – Ирем Таук, Сара Тошиќ, Самар Шах – ПСУ “Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул

Златен медал – место 10 – тим 614 – Виктор Јакимов, Лука Вајевиќ, Сара Кнежевиќ – ООУ “ Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Дополнително квалификувани тимови:

тим 616 – Гентиан Битиќи, Деа Рамадани, Емрие Рамадани – ПСУ “Јахја Кемал“

тим 618 – Тамара Симиќ, Михаела Костовска, Баани Синг – ПСУ “Јахја Кемал“ и Џумеира Инглиш Спикинг Скул

тим 615 – Андреи Калин, Адеа Рамука, Јана Тасевска – ПСУ “Јахја Кемал“

 

СИТЕ ЕМИСИИ

СО КОНСУЛТАНТСКА ПОДДРШКА ДО ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИЦИИ

Развојот на компаниите треба да биде поддржан од стручни консултантски куќи, кои ќе помагаат да се реализираат успешно процесите во работењето, преку разни активности, особено со специјализираниот пристап на консултантските куќи во деловно и корпоративно право, со докажаната експертиза од областа на правен и економски- консалтинг.
Со ваква поддршка компаниите имплементираат нови инвестиции и стануваат конкурентни.
На оваа тема анализа во емисијата, со соговорниците:
Пенка Мукаетова – генерален менаџер и сопственик на „Консалтинг Интер Груп“
Јасмина Јанева – сопственик на „Јасмин компани 2019“ ДООЕЛ увоз-извоз Кочани
Наќе Кичев – „МФ Јанаки“ Кавадарци
Саво Малинков – „Каре – комерц“ Кавадарци
д-р Милан Камчев – ПЗУ „Блек“, ПЗУ Специјалистичка ординација по орална хирургија д-р Камчев – Кавадарци
Ана Јорданова Дубровска – „Мелем од вкусови“ Скопје

СИТЕ ЕМИСИИ

РАЗВОЈ НА ПРИВАТНИТЕ ПОШТИ И ДОСТАВНИТЕ СЕРВИСИ

Развојот на компаниите од поштенскиот сектор и доставата на пратки се постигнува преку инвестиции во развој, опрема и технологии,зголемување на рангот и квалитетот на услугите,промовирање на иновативни услуги, потоа овозможување комплетно решение на едно место за клиентите, постојаната едукација на кадар, обезбедување на безбедни и соодветни услови за работа, грижа за вработените и тимскиот дух, како и грижа за животната средина и однесување во склад со еколошките начела.

Оваа тема, во емисијата ја анализираме со:

Игор Гешовски – основач и одговорно лице за „Еко Логистик Сервис“ Скопје

Хари Бутле – сектор Комерција во „Еко Логистик Сервис“ Скопје

Амел Шкријељ – грижа за корисници, внатрешна контрола во „Еко Логистик Сервис“ Скопје

СИТЕ ЕМИСИИ

ES Fall festival NOVA

Студентите на НОВА ја пречекаа есента во силни прегратки. Во нејзина чест, се забавуваа, приредија возбудливи игри, истражуваа, другаруваа. Многу смеа, игра, радост. Ден за забава. Онака, како што доликува на шаренилото на есента, полна со вкусови, миризби, колачиња. Цвеќиња, тикви, јаболка, бои, жолти, портокалови, црвени…

Основците, облечени во ликови од омилените книги, го исполнија училишниот двор, за да уживаат низ игри, да го бараат својот пат низ лавиринти, да играат со јаболка и  тикви. Забава и за децата, но и за родителите,кои како волонтери помагаа на настанот. За крај, задолжително, есенска фотографија и  подароци, за спомен и збогување со есента.

 

Happy Fall!

СИТЕ ЕМИСИИ

СО СОВРЕМЕНА ЕДУКАЦИЈА ДО УСПЕШНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ

Потребата од едукација на менаџери за домашните и странските компании во Македонија е евидентна.Како резултат на направените истражувања и нови иновативни идеи, се формираше ваква институција која ќе го надополни сегментот на специјализирана  едукацијата за менаџмент.Визијата да се понуди едукација на менаџерите со цел  развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој  ја донесе на нашите простори првата  Академијата за Извршни Менаџери во Виница, создадена под покровителство на компанијата МАКПРОГРЕС, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија. Академијата за Извршни Менаџери е дел од Фондацијата “ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од компанијата  МАКПРОГРЕС. Таа има за цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот.

Во емисијата, многу повеќе за значењето на едукацијата и можностите што ги дава новата образовна академија, преку обраќањата и разговорите на :

Глигор Цветанов, ген. директор на „Макпрогрес“ доо Виница и претс. на УО на Фондацијата „Прогресив Академија“

Анди Аранитаси –  Претставник  на канцеларијата на Европска банка за обнова и развој во Скопје

Билјана Марковиќ Стаменова- директор на PrimePoint Partners и академски директор на Академијата за извршни менаџери „Прогресив Академија“

Игор Маџов –  Претседател на Стартап Македонија и фасилитатор за инвестиции за Западен Балкан на Swiss Entrepreneurship Program

Викторија Шотароска Трајкова-  регионален менаџер за Македонија, Косово и Албанија на П.И.К.Ко, учесник на „Прогресив Академија“

Фросина Мешкова – директор на академија за технички струки, „Академија Винчини“

СИТЕ ЕМИСИИ

LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
gohost.mk