Home Blog Page 11

за ПРОЕКТОТ

СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ – Легендите живеат, со Рубенс Муратовски

Проектот СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ е серијал од 60 епизоди за над 200  врвни спортисти во повеќето држави од регионот кои што се издигнати на ниво на национални херои. Преку нивните резултати една држава станува препознатлива во светот, но што е уште поважно овие личности претставуваат позитивен пример, предмет на национална гордост и значаен елемент при градењето на идентитетот на една нација. Во прилог дел од спортистите застапени во проектот: ел од спортистите обработени во овој ТВ проект: Слободан Качар ( бокс) , Јасна Шекариќ ( стрелаштво) , Ивана Шпановиќ ( атлетика)  , Асмир Колашинац ( атлетика) , Лука Модриќ, ( фудбал) ,  Дражен Далипагиќ ( кошарка ) , Мирко Нишовиќ ( кајак ) , Милица Мандиќ ( теквондо ) , Мате Парлов, Србија (  бокс )  Драган Киќановиќ, Србија ( кошарка )

Во емисијата СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ до сега се обработени многу значајни спортски личности од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Грција, Албанија, Австрија, Бугарија, Косово и Македонија.

 

СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ 3-та ЕМИСИЈА

Никос Галис

Никос Галис, „Железниот човек“,се смета за еден од најдобрите стрелци во Европа што некогаш играле кошарка, и како еден од најголемите играчи на сите времиња во историјата на меѓународната кошарка на ФИБА.  Во 1991 година, Галис беше прогласен за еден од 50-те најголеми играчи на ФИБА. Во 2007 година, тој стана инаугуративен член на Куќата на славните на ФИБА. Галис не само што беше легендарен стрелец, тој беше и одличен креатор на игра и додавач.

11 пати  Најдобар стрелец во грчката лига

8 пати Најдобар стрелец на ФИБА во Евролигата.

Борут Петриќ

Борут Петриќ, еден од најголемите и најпознати пливачи на балканскиот полуостров. Борут Петриќ (роден на 28 декември 1961 година во Крањ) е словенечки пливач кој ја претставува Југославија. Спортист на годината 1981 година во Југославија.

Почнал да плива на 8-годишна возраст, а потоа го напуштил за ватерполо, но како 11-годишник се вратил на пливање.

Петриќ учествуваше на Олимпијадата три пати.

Беше рекордер на Словенија на различни растојанија, и на кратки и на долг базен; некои од неговите рекорди преживеале повеќе од 20 години.

Зоран Калиниќ

Зоран Калиниќ (роден на 20 јули 1958 година во Суботица, Југославија) ​​е поранешен југословенски пингпонгар. Во двојки, тој е светски шампион и двократен европски шампион.

Четири пати Калиниќ го освои Балканското првенство во сингл (1980, 1982, 1983, 1985), три пати во двојки (1979, 1982, 1991), пет пати во мешани двојки (1980, 1981, 1982, 1983, 1985).

Во 1976 година стана јуниорски европски шампион во синглови и мешани двојки (со Ержебет Палатинуш) во Мидлинг, Австрија. Помеѓу 1980 и 1996 година учествуваше на седум Европски првенства. Во 1982 и 1984 година победил во конкуренција на двојки со својот сонародник Драгутин Шурбек. Овој успех го повтори во 1994 година со грчкиот Калиникос Креанга.

 

 

СИТЕ ЕМИСИИ

СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ 2-ра ЕМИСИЈА

Бенџамин „Бени“ Раих

Бенџамин „Бени“ Раих (роден на 28 февруари 1978 година во Леинс,). Тој беше двапати олимписки шампион, три пати светски шампион и севкупен победник на  Светскиот Куп во сезоната 2005/06. Кон сето ова додадете и осумкратната победа во Светскиот куп и пет титули на јуниорски светски шампионати. Со 36 победи на Светскиот куп, тој е третиот најуспешен скијач на Австрија по Марсел Хиршер и Херман Маер. Според статистичките податоци, тој учествувал на 24 церемонии на доделување награди на големи настани (14 пати на подиумот, 10 пати со места од четири до шест).

Стефка Костадинова

Стефка Костадинова, (родена во Пловдив, 25 март 1965 година), е поранешна бугарска атлетичарка специјализирана за скок во височина и сегашен претседател на Бугарскиот олимписки комитет. Стефка Костадинова го освои златниот олимписки медал на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, поставувајќи олимписки рекорд за жени од 2,05 м. Исто така освои сребрен медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. Таа е двократен светски шампион во сала. Стана шампион на Светското првенство за прв пат во 1987 година, а втор пат на Светското првенство во 1995 година. Костадинова сè уште го држи светскиот рекорд во скок во височина кај жените со скок од 2,09 метри, што го скокна на Светското првенство во Рим во 1987 година.

Џудото спаѓа во редот на боречките спортови каде натпреварувачите против своите соперници не се служат со техника на удирање. Џудото е едно од воените искуства на древна Јапонија. Џигоро Кано — создавачот на џудото, се  обучавал во школи на џу-џуцу, во продолжение на многу години и во 1882 година го објавува својот систем, кој го нарекува џу-до.

А една од најпознатите претставници на овој исклучителна вештина е Мајлинда Келменди (Пеќ, 9 мај 1991)— косовско-албанска џудистка која се натпреварува во категорија до 52 килограми. Таа е двократен европски и светски шампион во нејзината категорија. Во 2014 година Келменди станала прворангирана на списокот на меѓународната џудо федерација, по што била одликувана од претседателот на Косово Атифете Јахјага со „претседателски орден на честа“.

Теодора Унгуреану

Теодора Унгуреану  родена во Ресикабија, Романија, 1960. 11 ноември-) двократен олимписки и светски шампионат, сребрен медалист, романска гимнастичарка, тренер, интернационална гимнастичарка. Во 1976 година, таа бил додаден на Листата на гимнастичари од светска класа на Меѓународната федерација за гимнастика.  Во 2001 година, беше вклучен во Меѓународната сала за славни гимнастика.   Теодора Унгуреану!

 

СИТЕ ЕМИСИИ

СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИ 1-ва ЕМИСИЈА

Валентин Димитров Јорданов

Валентин Димитров Јорданов е бугарски борач, седумкратен европски и седумкратен светски шампион. Олимписки шампион на Олимписките игри во Атланта 1996 година во категорија 52 килограми.

Роден е на 26 јануари 1960 година во селото Сандрово, област Русе. Во 1970 година започнал да тренира под водство на Георги Ачев, со кого работел сè додека не завршил средното спортско училиште „Мајор Атанас Узунов“ во Русе (1978).

Во 1990 година емигрира во САД, каде што тренира и живее во таборот на „Фокскечер“ на мултимилионерот Џон Дупонт.

Во 2010 година, мултимилионерот Џон Дупонт почина во затвор издржувајќи ја казната за убиство. Во својот тестамент,Џон Дупонт им остави 80% од својот имот на Валентин Јорданов, неговата сопруга Здравка Монета Атаносова Димитров и нивните роднини..

Дане Корица

Дане Корица, еден од најдобрите тркачи на долги патеки во Европа и во светот, повеќекратен балкански првак. Од терасата на мојата соба во Олимпиското село ги гледав терористите на организацијата „Црн септември“, со бели мантили и лесно оружје во рацете, како се прикрадуваат над покривите на павилјонот каде што се сместени спортистите од Израел. Се слушнаа истрели, брзо легнав на подот од собата. Олимписките игри во Минхен беа прекинати еден ден, дојде германскиот канцелар Вили Брант, слета во хеликоптер на сред олимписко село каде веќе беа тенкови.

Останав без медал поради терористите.

Стефан Крафт

Како и повеќето ски дисциплини, ски скоковите за првпат се споменуваат во скандинавските земји. Отпрвин, околу 1810 година, луѓето скокнаа од отскочна даска направена од снег по природна стрмна падина. Скокачот добива интензитет со спуштање по падината, а потоа се одбива од отскочна даска и полетува 15-20 метри.

200 години подоцна, човекот може да лета 253,5 метри благодарение на неверојатниот Стефан Крафт. Двоен светски шампион, носител на светски рекорд и севкупен победник на Светскиот куп 2017 година.

СИТЕ ЕМИСИИ

НОВИ СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Управувањето со човечките ресурси влијае на развојот на компаниите. Зголемување на продуктивноста, скратување на  времето за администрација и  поедноставување на работните процеси, може да се постигне со нови и современи софтверски решенија. Современите софтверски решенија во секторот за управување со човечки ресурси,  директно влијаат на  долгорочно зголемување на приходите. Во емисијата преку анализата, се потенцира и значењето на  македонското софтверско решение за управувањето со човечките ресурси, на компанијата „Виднеш сочушнс“ Скопје. Функцијата на  софтверот е да  собира статистички, квантитативни и квалитативни податоци за вработените на компанијата, кои податоци  овозможуваат правилно носење одлуки, од кои во голема мера зависи успехот во работењето.Со тоа, се надминуваат проблемите во компаниското работење во делот на метриките, индивидуално по вработен,  точноста на податоците и потреба од рачни интервенции, како дел од проблемите кoи сe појавуваат во управувањето со човечките ресурси.Затоа, компаниите треба да имплементираат вакви напредни софтверски решенија, бидејќи само со вложување во дигитална трансформација,  ќе може да постигнат развој и конкурентност.

Анализа во емисијата со соговорниците:

Дарко Мицкоски – главен извршен директор  на „Виднет солушнс“ Скопје

Мирослав Драганов – со-основач и менаџер за продажба во „Виднет солушнс“ Скопје

Пенка Мукаетова – сопственик и генерален менаџер на „Консалтинг интер груп“

СИТЕ ЕМИСИИ

ПОМЕЃУ ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ И БИЗНИСОТ

Македонското творештво е големо и многу богато, разновидно, со уметнички дела  за сечиј вкус.Треба да се изгради и повисока свест кај граѓаните за  купување македонски автор со македонски производ, со што се помага директно на нашата економија, на буџетот на македонскиот уметник. Имаме голема понуда, многу млади талентирани уметници и затоа со купување на  уметничко дело да има свест, дека се помага и младиот уметник, за да може да создаде нешто повеќе во иднина. Во емисијата, преку анализата, зборуваме за актуелните состојби, поддршката, развојот. Според познавачите на состојбите во ликовната уметност, едно уметничко дело кое ќе се  закачи во галерија, тоа веќе станува бизнис, само по себе. Но, никако не треба уметноста да биде исклучиво само бизнис, таа првенствено треба да биде уметност и воедно одреден бизнис. Затоа, за да опстојува и уметноста и бизнисот, потребна е поддршка. Државата треба да преземе мерки,  во насока на поттикнување на купување уметнички дела од македонски автори. Освен тоа, меѓу мерките треба да биде и поддршката во промоцијата, бидејќи   имаме добри сликари и тие треба да се поддржат за да можат да излезат надвор од нашите граници. Инаку, тешко е да се воспостави нормален финансиски однос кај нас во оваа дејност,  само ентузијазмот кај ликовните уметници и галеристите, им овозможува да опстојуваат во вакви тешки околности. Неопходни се промени, за да полесно се дојде до уметничко дело кое може секој да го има и со тоа да се поддржат нашите ликовни уметници.  Во насока на поддршка,  според претседателот на ДЛУМ Филип Фидановски,  за да немаме застој во ликовните активности, ДЛУМ склучило јавно-приватно партнерство со Уметничкиот центар „Арт хаб“ Скопје, за заедно да дадат мало освежување на сцената, бидејќи  овој простор е сосема поинаков од сите други што сме навикнале да ги гледаме и располага со галериско светло, системи за закачување на делата и  повеќе личи на галерија од сè останато што го знаеме.

Многу повеќе за состојбите, во емисијата, преку анализата со соговорниците:

Филип Фидановски – претседател на ДЛУМ

Новица Новаковски – Новак – сопственик на Уметнички центар „АРТ ХАБ“ Скопје

СИТЕ ЕМИСИИ

ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА НА НОВ ТЕСТ

Нови околности, за уште една криза, која за жал, доаѓа многу брзо и се судира со постоечката.

По сите стрес-тестови кои ги приреди пандемијата, имаме нова реалност, која преку ноќ наметна нови грижи, стравувања, нови предизвици.

Економијата не е директно изложена на ударите на двете  земји, инволвирани во војната, но сепак, стравот и неизвесноста „работат“, повеќе од сите војни.

Од Народната банка стигнуваат смирувачки ставови, за  „Малата трговска и финансиска интегрираност со двете економии. Трговската размена со овие две економии учествува со само два проценти во вкупната трговска размена, а кај финансиските текови поврзаноста е уште помала. Поаѓајќи од овој контекст, јасно е дека ние не би имале позначајни директни ефекти, вклучително и преку санкциите коишто тековно се изрекуваат“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Смируваат и аргументите зошто не се очекуваат посериозни ефекти од санкцијата со која се предвидува исклучување на дел од банките од SWIFT платформата.

„Странските директни инвестиции од овие две економии учествуваат со само 0,5% во вкупните, но не се присутни во сферата на банкарскиот систем. Во овие околности, ова е предност за нашиот банкарски систем, за разлика од други економии во нашето соседство, каде има присуство на руски банки и коишто се соочуваат со одредени потешкотии поради новонастанатата состојба. Исто така, она што е важно да се потенцира во делот на платниот промет, во основа не се исклучени сите руски банки, а исто така постојат и други алтернативни платформи коишто можат да се користат за извршување на плаќањата. Оттаму, би посочила дека не гледаме ризици за нашиот банкарски систем и погенерално за финансискиот систем, со оглед на минималните или непостоечки врски со финансиските системи на економиите на Русија и Украина.“, вели гувернерката.

Но, се чини, ова не даде спокој на обичниот граѓанин, иако медиумите интензивно ги пренесуваат овие ставови.

Голем дел од граѓаните, под притисок на стравот,  поитаа да направат резерви на брашно и други најосновни прехранбени производи.

Сите смирувачки тонови на надлежните, не можат да го смират кревкиот мир на граѓаните, бидејќи се наоѓаат  во една исклучително чувствителна состојба, истоштени и финансиски и ментално, поради долгата пандемија.

Особено, по најави од економските експерти,  за индиректни прелевања на ефектите, загрозување на некои позиции во извозно-економска смисла, индирерктно поврзани со нашите европски партнери и пазари, како  и нарушувањата, кои ќе ги имаат тие.

Животниот стандард страдал и пак ќе страда, тоа е повеќе од јасно.

Одредени сектори, дека ќе бидат на удар, и тоа е повеќе од јасно.

На пример, туристичкиот сектор. Како ќе влијае новата состојба, во време на нова туристичка сезона, кога имаше малку надеж, како од најавените  Руски и Украински туристи, така и од олабавување на мерките.

Сега, тоа „паѓа во вода“.

Новата состојба, ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија и од околните држави, туку и врз домашниот туризам, поради намалената финансиска моќ, влошениот животен стандард, инфлацијата, енергетската криза.

Експертите сугерираат дека со оглед на тоа што загуби ќе трпат и бизнисите, многу е важно да се направи механизам, кој ќе ги елиминира  отпуштањата на работниците, за да не се создадат нова група на граѓани со низок животен стандард.

Инволвираните земји во воениот конфликт, се  извозници на енергенси, ресурси, суровини, минерали, во цела Европа. Тоа ќе значи пораст на влезните трошоци за секоја суровина на  производителите. Со тоа, ќе се нарушува синџирот на набавки, зошто Русија и Украина се доминантни во многу светски синџири.

Овие земји се најголеми производители и на жито, пченица и  маслодајни култури, кои се од витално значење, како суровини за прехранбената индустрија.

Но, добиваме смирувачки ставови, дека нема простор за паника, дека  имаме алтернатива, во земји како Србија, Романија, Бугарија, Унгарија. Патем, веќе е направен увоз од Србија.

Сепак, треба да бидеме подготвени за последици и влијанија. Цените на светските берзи, за главните берзански производи, рушат рекорди, од час во час. Затоа, неопходно е прилагодување на компаните.

Се чини, не заврши одамна најважната тема за кризен менаџмент. За  менаџерите, доаѓа нов тест, колку таа лекција е научена.

Додека консултантите, уште од минатата година, некои и порано со почетокот на кризата,  советуваа менаџерите  да се подготвуваат, сега и веднаш,  за нова криза, многу сериозно не се разбираше оваа порака.

Но, многу брзо стаса тестот, за нова криза. Сега, најдобро ќе се види, кој ја разбрал сериозно пораката.

Ги слушаме насоките од економистите.

Да покажеме смиреност и да одговориме со добри мерки, за да се ублажат големи потреси на животниот стандард, за да се помогне на стопанството во ублажување на енергетската криза со сите можни мерки, промени на закони со административни бариери, за да може барем во делот на проблемите со енергија, да ги намалат трошоците.Тие се подготвени  да вложат во енергетски ефикасни решенија за своите производствени капацитети.

Иако, немаме голем извоз во двете земји, индиректно сме поврзани со дел од некои синџири на добавување во овие земји.

Анализа на Стопанската комора, за Стопанската соработка на Република Македонија и Република Украина, (од 2015 г.) во насока на застапеноста на производите во македонско-украинската размена,  покажува дека  во  структурата на извозот се застапени: електрични акумулатори и лекови.

Во поглед на застапеноста на производите во структурата на увозот се  плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик, други полупроизводи од железо или нелегиран челик,  јаглерод, ладно валани производи, неплатинирани, жици од рафиниран бакар, потоа маслодајни семиња и плодови, афион и др.

Украина е еден од водечките светски извозници на неон, гас кој е клучен за ласерите кои се користат во производството на чипови.

Повеќе од 90% од неонот за полупроводници што се користат во фабриките за електроника во САД доаѓа од Украина.

Според податоци од анализа направена на Стопанската комора, 5% од светските минерални суровини се наоѓаат во Украина.

Во Украина има природни ресурси: јаглен, манган, природен гас, нафта, сол, сулфур, графит, титаниум, магнезиум, каолин, никел, гума и обработлива земја.

Плаши  влошувањето на  животниот стандард, особено во амбиент кога просторот за интервенции од државата е ограничен, задолженоста на горната граница. Затоа, треба внимателност.

Според дел од економистите, евентуално намалување на давачки, како акцизи и сл. не е популарно, зошто ќе има проблем со полнењето на Буџетот. Затоа, повикуваат на понатамошна макроекономската стабилност.

Едно е сигурно, за што гласно говорат економистите, овој амбиент нема да дозволи економски раст, напротив пад на животен стандард, раст на цени, инфлација, па и рестриктивна монетарна политика, ограничен пристап до евтини извори на финансирање, зголемување на каматните стапки, што ќе влијае на стопанството.

Други, пак, како еминентниот професор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Владимир Глигоров, излегоа со став дека “Не би требало да се соочиме со забрзана инфлација, пред се поради тоа што со приближувањето на летото ќе се намали побарувачката на енергија и на храна или пак, ќе дојде до зголемување на понудата. Останува да видиме што потоа ќе се случува’’.

Имајќи ги во вид сите овие ставови, останува да веруваме во тврдењата дека Буџетот е ликвиден, а денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни. Внимателно се следат меѓународните случувања и движењата на светските берзи и соодветно ќе се реагира, уверуваат првите луѓе на фискалната и монетарната политика во земјава, по почетокот на руско-украинската криза.

Со сите уверувања од централната и монетарната власт, дека ситуацијата е под контрола, да бидеме „мирни“ и сигурни, дека ќе се надмине и оваа нова криза.

Еднаш веќе бевме на испитот за економија на солидарност.

Останува да се „молиме“, оваа криза да заврши побрзо.

 

 

М-р Марија Георгиевска
Уредник и водител на емисијата за бизнис и економија ПРОФИТ

ЕЛЕКТРО-МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА НИЗ ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Енергетската криза предизвика големи проблеми во работењето на компаниите. Потребни се вложувања во енергетски ефикасни системи, за да се ублажат проблемите и да се намалат трошоците. Во емисијата, преку поширока анализа, се дава осврт за инвестициите, како  клучен фактор, што влијае на успехот и развојот на компаниите. И во време на криза, не треба да се запре со инвестирање, во разни сегменти, според проценките каде може најмногу да се инвестира и која е најисплатливата инвестиција во овој момент, што ќе влијае на подобрувањето на работењето. Преку примерот на успешните компании, се гледа оправданоста на инвестициите во криза. Примерот на компанијата Раде Кончар ТЕП потврдува дека, со направени инвестиции пораснало производството. Компаниите мора да воведуваат зелени иновации, а за поголема примена, потребно е да стекнат и искуства и да соработуваат со академската заедница и образованието. Тоа ќе помогне да се воспостави соработка во делот на поврзувањето на бизнисот, истражувачките центри и стручните училишта.Стопанството бара поволна бизнис клима и намалување на административните процедури, за да инвестираат во  енергетска ефикасност.

На овие теми, во емисијата анализа со: 

Горан Антевски – генерален директор на Раде Кончар ТЕП

СИТЕ ЕМИСИИ

Шуи Џиао

Шуи Џиао за некои претставува Монт Еверест на кинеските боречки вештини. Титула која не се заработува лесно имајќи ја на ум традицијата на боречките вештини во Кина.

Шиу Џиао е систем на борење стар над 3000 години кој во себе ги вклучува кинеската традиција, философија и начин на мислење. Оттука,  оваа вештина не е само физички спорт, туку и вредносна определба.

Во емисијата го запознаваме мастер Горан Андонов од клубот Дантијан – човекот кој го носи Шиу Џиао во Македонија и кој со помошта на Мастер Антонио од Италија ги обучува првите борачи кои подоцна ќе бидат спремни да го пренесат своето знаење на сите заинтересирани за оваа дисциплина.

Запознајте го и пионерот на Шиу Џиао во Европа Алесио Пасчули кој е шампионот во Шиу Џиао во Кина во 2013, а воедно и италјански и европски шапион и дознајте повеќе за неговото инспиративно искуство со оваа дисциплина.“

СИТЕ ЕМИСИИ

VALENTINE’S AT NOVA

НОВА исполнета во црвена магија на љубовта. Настан, на кој се празнува љубовта и се слави во нејзина чест. На овој ден, во НОВА воздухот е опиен од слатки воздишки, црвени срциња, балони, слатки мечиња и  убави љубовни колачиња.

На овој ден, во училиштето дефилираше ЉУБОВТА, преку Љубовниот базар, на кој секој купи за својата љубов. Некој скриено, некој јавно, но секој за секого имаше љубов.

Но, што е љубовта за мене?

Љубов е саканата, пријателството, семејството, она што се очекува од него, она што прави да се чувствуваме безбедни, да знаеме дека некој е грижлив кон нас.

Но, не само на овој ден, туку секогаш.

Затоа, нека има љубов секој ден!

СИТЕ ЕМИСИИ

LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
LIVE
gohost.mk