Home Blog Page 2

ТРЕТО ДОБА

Тема посветена на старите, почитуваните граѓани од трето доба, кои се извор на животни мудрости и спокој, кој влева доверба да се работи на наоѓањето внатрешен мир, да се разбере подобро животот и неговата вредност.Конечно, да се научи како да се бара среќата, која е нешто што се одбира однапред, што сме го замислиле дека ќе ни биде среќа, кога да биде и каква да биде таа наша среќа. Преку споделување на многу размислувања на еминентни ликови од нашето културно и општествено живеење, нивните гледишта за староста, зрелоста, поминатото време и она што е нивно секојдневие а сите тие како релевантни соговорници за оваа тема. Ставови на надлежните институции и ставови на приватните установи за згрижување на старите лица, за односот кон нивната грижа и солидарноста. Преку низа примери и лични посети на стари лица, лица со попреченост и со вклучување на алармот да се најде начин и средства да им се помогне.
Емисија исполнета со многу емоции и спомени, како и сериозни оценки што и како треба да се направи за темата.

СИТЕ ЕМИСИИ

ДЕЦАТА и РОДИТЕЛИТЕ

Каде треба да се бараат вистинските вредности? Преку вклучувањето на алармот, во секој човек, независно од неговата возраст. Во оваа епизода преку отворање на повеќе теми,за довербата, без која сме никој и ништо, за односите со наставниците, другарите и родителите. Младите, кои искрено ги споделуваат своите размислувања за вредностите во семејството, за родителката љубов која останува да тлее во секое дете и кога е возрасна личност. За влијанието на училиштето, за другарството, како и за материјалните нешта кои не значат ништо, пред љубовта, од било кој ранг.
Пред нас се и ставовите на родителите, за нивното гледање на воспитувањето, родителката љубов и вистинските вредности, кои се важни за градење на младите личности а кои треба да бидат носители на општествениот поредок.
Инспиративна тема, со многу длабоки мисли и ставови, кои може да станат патоказ за секој од нас.

СИТЕ ЕМИСИИ

за ПРОЕКТОТ

АЛАРМ за нова тема ! Интелегенцијата секогаш има став!
Сочно. Одмерено..Стручно. Јасно и гласно.

„АЛАРМ“ е дебатна емисија во траење од 50 минути која обработува општествено ангажирани и lifestyle теми, со акцент на социјално-општествените теми, кои бараат итна реакција од надлежните државни органи, невладините организации и граѓаните.

Еден дел од темите кои се дел од емисијата, имаат акцент на родовите прашања и местото на жената во македонското општество, но има и теми кои не се директно поврзани со ова прашање, како на пример семејство, морал, етика, естетика, култура, уметност, стил, здравје…

Автор и водител на емисијата е Синоличка Трпкова, една од најголемите македонски актерски ѕвезди на поранешните југословенски простори. Секоја емисија се однесува на една тема, а темите се интересни и провокативни, со цел да го свртат вниманието на јавноста кон одредени состојби и проблеми во нашето општество и да иницираат нивно решавање. Во оваа емисија се обидуваме да отвориме теми, за кои досега не се дискутирало или пак недоволно се дискутирало во јавноста. За разлика од останатите емисии од овој тип, АЛАРМ не само што ги изнесува проблемите кои постојат во нашето општество, туку заедно со гостите во студиото се обидува да понуди суштинска анализа и модели за нивно решавање.

Темите се многуслојни и атрактивни, како на пример: Трето доба, Транзиција, Таксисти, Здрав живот, Матични клетки, Лица со хендикеп, Сообраќајот во Скопје, Загаденост на воздухот, Промени, Култура, Туризам, а во емисиите гостуваат проминентни личности како: амбасадорите на Холандија и Унгарија, актерите Катина Иванова и Петар Арсовски, режисерите Александар Русјаков и Александар Поповски, писателката Елизабета Шелева, адвокатката Јагнула Куновска, новинарите Јадранка Костова и Љупчо Поповски, стилистот Сретен Костиќ, докторот Васил Јовковски, Мирјана Најчевска и други.

БИЉАНА МАКСИМОВСКА

Билјана Максимовска го сака Париз. И Париз ја сака Билјана. А што инаку би правела Билјана неколку пати во Париз ако не е така. Помини, замини..пак Билјана во Париз : )

Париз е фантастичен  .
Таа вели- Сите кој го знаат Париз или имаат позитивно претчувство пред да одат или прекрасно искуство кога се враќаат дома.

Тоа што многу и се допага во Париз, се лугето.
Се пие многу вино на секоја трпеза и во секое време и кога се слави и кога е свеченост или обичен ручек. Французите јадат многу едноставно и чинот на храна им е момент за делење со семејството и пријателите .
Тие многу сакаат да разговараат и да имаат постојано чаша вино во рака и да јадат многу сирење, леб, салата, месо и вино.

На Билјана најголем впечаток и оставаат атмосферата и лугето ,таа сака едноставни јадења. Никогаш нема да ги заборави најдобрите свежи остриги кој ги јадела во Франција .

Посебно доживување и се утрата во Париз, кога целиот град мириса на нивните пекари кој ги будат сите сетила .

СИТЕ ЕМИСИИ

САБИНА АЈРУЛА – ТОЗИЈА

Иако е често во Турција со работни нагажмани , како дел од катерската екипа на најпознатите турски серии, со македонската актерка Сабина Ајрула Тозија разговаравме за вкусовите на Италија .

Кога ќе се каже италијанска кујна, таа се сведува на зеленчук , пасти и риба и тоа е главното јадење.
Италијаните се познати по тоа што во секое јадење, пијат чаша вино. А интересно е и тоа што кога јадат риба пијат и црвено вино. Но тоа е работа на вкус.

Сабина ни раскажа за вкусот на фантастично вино во Пијемонте, каде што се италијанските лозја и каде што се произведуваат најубавите вина .
Во Пескара првпат јадела шпагети „ал денте“.

Од неа дознавме повеќе за навиките на италијанците и нивниот стил на живот.

Но и Зоран имаше што да раскаже и да и понуди вкусови од одлична храна и голтка божество од нашите најубави македонски вина од винаријата БОВИН.

СИТЕ ЕМИСИИ

ЏИНА ПАПАС-ЏОКСИ

Во пријатна атмосфера и релаксиран разговор нашиотЏинас Папас Џокси ни ги споделуваше убавините на неговиот омилен град Сплит и реонот Далмација.
Најубавиот и најкреативниот дел од неговиот живот го има поминато во Сплит како искуство преточено во чувства, музика, дружба, пријателство.
Од таму има инспирација за неколку свои песни, мегу кои и песната „На Велигден сум се заљубил “ која ја одбележува неговата кариера.

Џокси ни раскажа како се служи риба на 1001 начин а еден од специјалитетите кој го пробал и за кој има посебни чувства е сарделата која се подготвува на жар и воопшто не се чисти и се јаде со изнутрици.

Неговата приказна не доближи до оваа преубава медитеранска земја.
А каква храна му подготви Зоран Ралев на Џокси и кои се песни се испеаа и кои догодовштини се раскажаа, ќе мора сами да откриете.
Какво вино пиеја? Од БОВИН, се разбира.

СИТЕ ЕМИСИИ

за ПРОЕКТОТ

Зоран Ралев. Лежерен . Речит. Дружељубив домакин.
Превкусна храна.. Дегустации на вино..
Чамче муабет..Сликовито..Од една до друга станица.
Разно разни специјалитети.
Искуства од патувања и доживувања.
Разно разни приказни. За мириси , за вкусови.
Доктори. Научници. Уметници. Гурмани.
Неформални доживувања. За народите и културите.
101 епизода по 30 минути. Како за минута поминуваат.
Од една до друга станица. Возот поминува. Ориент Експрес.

ИДЕЈА НА ПРОЕКТОТ

Неправдата има свои степенувања. Највисок степен на неправдата е заборавот. Уште повисок од тоа е кога ќе те заборават твоите. Македонија доживеа генерациите од втората половина на 20 век да заборават на 90% од нејзината славна историја.
Кога ќе ја погледнеме досега единствената издадена службена Историја на македонскиот народ, ќе видиме дека таа се протега на три тома од по околу 330 страници на кои е опфатен временски период во траење од десет илјади години. Секако, тоа е убава бројка. Меѓутоа, ако малку повеќе се задлабочиме во оваа книга, ќе ја уочиме чудната распореденост на настаните и делата кои го одбележаа времето на нашите претходници.
Имено, во првиот том од книгата се содржани 9900 години од историјата на македонскиот народ, во вториот том 100 години, а последниот том е посветен на само 27 години од нашата историја.
Значи, густината на информациите за времето, делата и животите на нашите предци главно е насочена кон средината на 20 век, односно на годините околу Втората Светска Војна.
Повеќе од очигледна е огромната празнина во нашето сеќавање за тоа што нашите древни предци го создале во далечното и славно македонско минато.
Факт е дека ние, денешните Македонци, знаеме за нашите претходници, нивниот начин на живеење, делата и градбите пред 19 век толку малку, што не можеме да врземе ни неколку прости реченици.
Овој податок е фрапантен, страшен и вџашувачки, но нема место за паника. Во Македонија постои сé освен заборав. Оваа македонска почва, со нејзината мудрост и сеќавање умее да не потсети дека е лулка на светската цивилизација. Дека најкрупните историски настани, кои се цивилизациски важни за целата земјина топка, се одигрувале токму во оној период за кој ние најмалку се интересираме и најмалку знаеме.
Токму од овој недостаток на информации за македонското минато произлегува мотивот и потребата за реализација на проект каков што е CV Македонија.
Проектот е замислен како серијал од кратки документарни филмови во траење од 12 до 15 минути, чија тема ќе биде животот на овие простори од периодот на неолитот (младо камено доба), па сè до деветнаесеттиот век од Нашата Ера.
Секое од продолженијата ќе обработува засебна тема .
Екипата на овој серијал, под водство на нашиот познат архитект и истражувач на македонското културно наследство арх. Вангел Божиновски, ќе се обиде да даде едно ново, алтернативно читање, преиспитување, реинтерпретирање и дополнување на подалечната историја и генезата на нашиот народ.
Освен авторот и водителот Божиновски, како гости во серијалот ќе земат учество и повеќе од дваесет експерти и авторитети од областа на археологијата, етнологијата и историјата како што се: Паско Кузман, Васил Иљов, Ангелина Маркос, Ристо Ивановски, Катрин Коленж (Француски кралски институт), Ташко Белчев, Одисеј Белчевски, Драги Митревски, Аница Георгиевска, Веле Алексовски, Душко Алексовски, Марика Василева и други.
Серијалот ќе биде снимен на повеќе од 100 локации низ државата и ќе изобилува со, за многумина непознати и интересни податоци за нашите предци, податоци за тоа како биле организирани, каква била нивната исхрана, облека, архитектура, уметност, комуникација, религиозни обреди. Ќе видиме и од што се плашеле нашите предци, но и на што се радувале, како заработувале, како размислувале, какви имиња имале и многу други информации кои ќе побудат интерес кај пошироката јавност во нашата земја, а и пошироко.

КОКИНО – СВЕТИЛИПШТЕ НА ГОЛЕМАТА МАЈКА

Покрај исклучителната прецизност на рамнодениците во годината и младата и полна месечина, оваа временска машина која е изградена повеќе од 2000 г п н е а воедно и светилиште на Големата Мајка, што го прави локалитетот користен како собор уште најмалку 3000 години пред да биде опсерваторија. Неговата исклучителност бара и нова емисија со најновите наоди кои ги презеде Народниот Музеј Куманово.
Кокино е единствената опсерваторија од светската цивилизација која е наменета за практични еконосмки потреби на една организирана географија која во неолитот брои најмалку 1 000 000 жители.

СИТЕ ЕМИСИИ

КОКИНО – ОПСЕРВАТОРИЈА

Кокино е регистрирано како 4 древна опсерваторија според критериумите на НАСА. Но прецизната регистрација треба да гласи НАЈСТАРАТА опсерваторија на светот. Ако ја споредиме со другите три на истиот список еве ја табелата:

1. Стоунхенџ …камените прстени се подигнати според веројатни мерења најдалеку околу 1000 г п н е и тоа според најновите предпоставки на англиската археологија. Прецизноста на „прозорците “ низ кои поминува сончевиот диск е со преголема толеранција.

2. Абу Симбел 1200 г п н е мери само еден датум во годината за ритуални потреби.

3. Ангкор Ват 1150 н е со намена кралска палата, ,градба која е 32 години помлада од Св Пантелејмон кај Нерези.

СИТЕ ЕМИСИИ